Volkswagen вложува 80 милијарди евра за масовно производство на електрични автомобили
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

По фијаското со дизел горивата, Volkswagen ќе станува глобален лидер во производството на електрични автомобили, вложувајќи највеќе од сите конкуренти во овој сектор.

volkswagen_showcar_id_6509-640x353

Германскиот Volkswagen (VW) сега има 80 милијарди причини да се врати во колосек по скандалот со дизел, најголем во историјата на производителот. Овие пари ќе ги користат за осмислување начини за масовно производство на електрични автомобили.

Одлуката да се премине кон електрични автомобили била донесена во 2015 година, кога тимот на VW се состанал да разговара за иднината на компанијата по скандалот за прикривање на издувните емисии.

Три дена по состанокот биле најавени плановите за развој на платформа за масовно производство на електрични возила под кодното име MEB. Планирано било и зголемување на производството- таргетот да е 3 милиони електрични автомобили годишно до 2025 година.

Доколку ова му успее, Volkswagen сигурно ќе биде лидер во светот затоа што никој друг сè уште не осмислил начин како масовно да произведува електрични автомобили достапни со цена. Батериите се многу скапи, чинејќи од 30-50% во вкупните трошоци за производство на електрични возила (батерија со домет на возење до 500 км вреди околу 20 илјади долари- за споредба, бензиски мотор чини околу 5 илјади долари).

Тие се оптимисти- веруваат дека нивната големина ќе им даде предност во создавање електрични возила кои нема да чинат повеќе од моделите на Голф, односно околу 20 илјади евра. Затоа што се толку големи, трошоците по единица производ ќе ги намалуваат по принципот на економија од обем: колку повеќе единици, толку просечниот трошок за една единица се намалува.

А можеби и трошоците ќе ги намалат преку патентирање на нова технологија за електрично полнење: 80 милијарди евра се ризик ако немаш некој „ас“ во ракавот.

За споредба, Daimler вложиле 42 милијарди долари, General Motors имаат 8 милијарди и Renault-Nissan-Mitsubishi 10 милијарди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×