Волците од Волстрит со помали бонуси лани
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Просечниот бонус на Волстрит минатата година се намали за 9% во споредба со годината претходно. Волците од Волстрит, како што ги нарече Скорсезе во својот последен филм, лани добија во просек по 146.200 долари бонуси.

Меѓутоа, сепак и овие бонуси се повисоки во споредба со пред неколку години во екот на финансиската криза. Рекордниот просечен бонус на Волстрит достигна 191.360 долари, во 2006 година.

wall-streetНамалувањето на бонусите лани произлегува од прилично лошата година за финансискиот сектор, кој што според сите прогнози не го очекува подобрување ниту годинава. Добивката на брокерско дилерските компании на берзата во Њујорк лани падна за 10,5%, на 14,3 милијарди долари, покажуваат податоците од Канцеларијата за надзор на пазарот во Њујорк. Акциите на банките во текот на цела 2015 година забележаа послаби резултати во споредба со акциите од останатите сектори.

„Има многу милионски бонуси за менаџерите, но сепак се помалку одошто ги имаше порано“, изјави Алан Џонсон, извршен директор на консултантската компанија Johnson Associates.

Во исто време, додека бонусите се намалени, платите на директорите во просек се зголемуваат. Според достапните податоци, просечната плата на Волстрит, вклучувајќи ги и бонусите, во 2014 година порасна за 14%, на 404.800 долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×