Вооружената вештачка интелигенција нѐ воведува во Терминатор ерата
Објавено на од во Teхнологија

20131222-12400401--wpi_large_verge_super_wide.0Технолошките лидери чекаат брза реакција од ОН:

AI (вештачка интелигенција) оружјето нѐ внесува во ерата на Терминатор, пишува The Next Web. Се чека на ОН да побрза со регулирањето на создавањето роботи војници (по второто писмо од технолошките лидери), додека Путин е заговорник на воената употреба на AI, a Пентагон веќе вложи 18 милијарди долари во АI за воени потреби

 

 

Вештачката интелигенција (Artificial intelligence – AI), односно нејзиното значење за трансформацијата на индустријата, но и на општеството во целина, се споредува дури и со електрификацијата. Освен технолошките, тука се отвораат бројни етички и социолошки прашања, во дијапазон од опасноста од машините кои се (или ќе бидат) поинтелигентни од нас, до иднината на работните места во светот во кој повеќето луѓе нема да можат да им конкурираат на машините.

Меѓу често споменуваните примери за работни места што вештачката интелигенција ќе ги збрише, се возачите, чии услуги ќе станат непотребни со развојот што веќе сега го следиме на автономните автомобили и камиони. Затоа, паралелно се технологијата, треба да се развива правна рамка за пресретнување на ситуацијата, која, прашање е на (кратко) време кога ќе ескалира.

Од друга страна, многу од денешните професии ќе бидат делумно автоматизирани и трансформирани со вештачката интелигенција. На пример, ботовите ќе можат да ги разбираат и да одговорат на повеќето прашања што вообичаено ги добива еден кол-центар, но со оние најсложените и натаму ќе се справува оператор човек. Позитивното овде е што човештвото ќе биде растоварено од најздодевните работни активности, но процесот ќе бара да бидеме поедуцирани за да можеме се фатиме во костец со посложените проблеми.

Општо место е ако се каже дека секоја технологија може да се употреби на позитивен и на негативен начин, и оти некогаш најдобрите намери го поплочуваат патот „до пеколот“. На пример, по катастрофалните искуства од употребата на бојни отрови во Првата светска војна, многу научници не сакале да работат на проекти што некако би можеле да му наштетат на човекот. Некои токму од овие причини одлучиле да работат на „чисти теории“ што немаат практична примена, а една од нив е и квантната физика. На основа на нивните откритија настанала атомската бомба, една од најстрашните творби на човекот.

Технологијата што ја нарекуваме вештачка интелигенција има огромен потенцијал, и претпазливоста и тоа како е потребна; особено во однос на опасноста да биде монополизирана од страна на неколку луѓе или мала група моќници. Пример за хумана употреба на вештачката интелигенција е медицината, каде со иновации може да се подигне квалитетот и достапноста на здравствената грижа/заштита, и така да се спасат многу животи. Спротивност се „паметните“ оружја и дронови без морални скрупули, што можат да ги заменат луѓето во најнеморалните мисии што може да се замислат.

Терминатор е нагаленото име за ваквото оружје (велиме нагалено, поради почитта кон култниот филмски серијал во кој вештачката интелигенција се свртува против човештвото).

Претставници на технолошката индустрија предупредуваат дека оставањето простор за слободна волја на роботите е сигурен рецепт за катастрофа, нопознато е дека Пентагон веќе вложи 18 милијарди долари во „воена АI“.

Над сто научници од областа на роботиката и лидери од технолошката индустрија упатија отворено писмо до Организацијата на Обединетите нации, апелирајќи да се забранат AI оружјата, што е второ вакво писмо (првото го потпишаа и Стивен Хокинг, Илон Маск, Стив Вознијак …).

Најголем критичар на AI оружјата е основачот на SpaceX и соосновачот на Tesla, Илон Маск. Тој верува дека трката за наоружување што ја водат САД, Русија и Кина може да предизвика нова светска војна. Терористите се, пак, посебна закана, поради ризикот да дојдат до AI оружје на црниот пазар.

Рускиот претседател Владимир Путин е заговорник на воената употреба на вештачката интелигенција, и смета дека идните оружени конфликти во кои ќе учествуваат роботи би можеле да ги ублажат човечките жртви. Од вооружените сили на САД, пак, уверуваат дека нема да се дозволи автономното оружје да одземе човечки живот без со него да управува човек.

А како одговор на погоре споменатото отворено писмо, ОН формираше експертска работна група, од која се бара да побрза со регулирањето на создавањето вооружени роботи. Ако се праша Маск, сигурно ќе рече дека судбината на човештвото е во рацете на ОН, зашто впечатокот е дека вештачката интелигенција се развива многу побрзо од можноста пошироката популација да ја разбере истата, и научниците да најдат сигурен начин да ја запрат ако работите тргнат во несакан правец.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×