Ворен Бафет: Криптовалутите лошо ќе завршат
Објавено на од во hi-tech & business

Најпознатиот светски инвеститор, Ворен Бафет, во интервју за CNBC настапи остро кон пазарот на криптовалути и рече дека во нив не би вложувал под ниту едни околности.

Мултимилијардерот во интервјуто за CNBC изјави дека е „скоро сигурен оти криптовалутите лошо ќе завршат“. Кога и како, и од која причина, Бафет не шпекулираше.

Кога би можел, вели Бафет, да купам петгодишна опција според која би заработил кога криптовалутите би пропаднале во тој период, со задоволство би го сторил тоа. А краткорочното обложување на падот на цената не го интересира. Како објаснување тој наведе дека лошо завршил и во некои индустрии за кои многу знаел, па нема никаква причина да вложува во криптовалути, во кои не се разбира.

Инвеститорската стратегија на Бафет отсекогаш била да вложува долгорочно, и тоа во компании што „не може да пропаднат“, односно, како што ги опишува, „бизниси што може да ги води и идиот – бидејќи тоа еднаш и ќе се случи“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×