Воведувањето на вториот столб создава проблеми во Хрватска
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

B0C3E158-A678 WEB 945Состојбата и во хрватскиот пензиски систем е алармантна

Состојбата во пензискиот систем во Хрватска и по 15 години од реформите повторно е алармантно. Наместо очекуваниот пораст, просечните пензии значително се намалени во однос на платите, а создадени се и нови неправди за осигурениците. Еве како Хрватите го решаваат проблемот.

 

Претстојната пензиска реформа би требала на долг рок да овозможи одржливост на пензискиот систем, а краткорочно да донесе решение за горливиот проблем на разликите од првиот и вториот

Претстојната пензиска реформа треба да ја обезбеди долгорочната одржливост на пензискиот систем и на краток рок да донесе решение за горливиот проблем со разликите во пензиите од првиот столб и оние кои ќе бидат исплаќани во иднина од двата столба.

Зошто пензиската реформа од 2002 година не ги исполни поставените цели и што донесоа мерките за гаснење на пожари донесени во последните десет години и како да се корегира неправдата кон идните пензионери?

Vlada-Hrvatske WEB 945Зошто се почна со пензиската реформа во 2002 година?

Со пензиската реформа се започнаа поради акумулираните слабости кои се закануваа дека ќе го срушат целиот систем. Идејата беше да се воспостави долгорочен одржлив систем, кој ќе им овозможи на сите да обезбедат подобри пензии и подобро да ги поврзат уплатените придонеси и висината на пензијата.

Во првиот чекор е спроведена т.н. мала реформа насочена кон рационализација и контрола на тековните трошоци за пензионирање. Рестриктивните мерки поврзани со пресметката на пензиите, зголемувањето на возраста за пензионирање и затегнувањето на критериумите за предвремено пензионирање доведоа до забавување на растот на бројот на нови пензионери и намалување на трошоците.

За долгорочната одржливост на пензискиот систем, клучно беше воведувањето на троделното пензиско осигурување. Со првиот пензиски столб, кој се базира на генерациска солидарност, се воведоа уште два столба базирани на индивидуални капитализирани заштеди. Вториот столб се спроведува преку задолжителни пензиски фондови во кои сите вработени уплатуваат пет проценти од бруто платата. Третиот столб е доброволен и се спроведува со индивидуални заштеди во доброволните пензиски фондови.

Пензиските фондови ги инвестираат прибраните средства на пазарот на капитал со цел зголемување на вредноста на средствата за членовите на фондот, на кои по стекнувањето на законските услови за пензионирање, им се исплаќа пензијата.

Целта на реформата беше со постепеното зацврстување на вториот и третиот пензиски столб за одреден временски период да се создадат услови за зголемување на пензиите и да се овозможи поправедна распределба на пензиските заштеди, притоа задржувајќи го основниот принцип на солидарност.

Каде запна?

По влегувањето во сила на пензиската реформа, Владата во неколку наврати воведуваше посебни мерки за подобрување на позицијата на постојните пензионери кои добиваат пензија само од првиот столб. Овие интервенции чинеа непредвидени трошоци кои се мереа во милијарди куни.

Од друга страна, заради економската криза и зголемените трошоци на пензискиот систем, државата се откажа од планираното постепено зголемување на одвојувањата на средства за вториот пензиски столб од пет на 10% од платата.

Заради тоа се создаде јаз помеѓу пензиите кои ги добиваат пензионерите од првиот столб во однос на оние пензии кои се исплаќаат комбинирано од првиот и вториот столб.

Зошто беше воведен пензискиот додаток?

Главната причина за воведување на постоечкиот пензиски додаток беше да се елиминираат разликите меѓу пензиите кои произлегоа од постепеното проширување на пресметковниот период. Имено, до 2000 година пензијата се пресметуваше врз основа на 10-те најповолни години од работниот стаж, а оттогаш пресметковниот период постепено се прошируваше за да од 2011 година почне да се пресметува врз основа на вкупниот работен стаж.

Оваа промена доведе до неоправдани разлики меѓу пензии остварени со примена на истиот закон, врз основа на истите плати и пензискиот стаж, само затоа што не биле реализирани во истата календарска година.

Пензискиот додаток беше воведен во 2007 година на корисниците кои се пензионирале од 1 јануари 1999 година па наваму. Тоа додаток е одреден во износ од 4 до 27 % од соодветната пензија, во зависност од годината во која е остварено правото на пензионирање.

Надомест од четири проценти беше наменет за пензионери кои се пензионираа во 2000 година, а се зголемуваше а три процентни поени по година со 27% за пензионерите кои се пензионираа во 2011 година и подоцна. Со измена на Законот од 1 јануари 2012 година, пензискиот додаток стана составен дел на пензијата.

Ниту постарите пензионери не се задоволни од нивните пензии. Право на пензиски додаток имаат и лица кои во 2002 година во моментот на воведување на имале повеќе од 40 години, односно сите кои се родени во 1962 година и порано. Услов да им се исплатува пензискиот додаток беше пензијата да им се исплаќа исклучиво од првиот столб.

Сите оние кои се родени во 1962 година и подоцна немаат право на пензиски додаток. Тие луѓе ќе примаат комбинирана пензија од првиот и вториот столб, а во поголем број ќе почнат да се пензионираат од 2019 година.
По воведувањето на пензиските реформи, предвидено е во првиот столб да останат заробени пензионери и осигурениците постари од 50 години.

Меѓутоа, дополнителни и на лицата кои во моментот на воведувањето на реформата (2002 година) имале помеѓу 40 и 50 години (родени од 1952 година до 1962 година) им е овозможено да примаат пензија само од првиот столб. Притоа, доколку одлучат да го сторат тоа, тие имаат право на додаток од 27 %.
Причината за воведување на овој модел е што се покажало дека за поголемиот дел од пензионерите, комбинираната пензија од првиот и вториот столб без заштитниот додаток би им била помала во споредба со пензија само од првиот столб со заштитниот додаток.

Имено, поради краткиот рок и ниските стапки на издвојување, во повеќето случаи, во вториот столб не е капитализиран доволен износ за да би се надоместила разликата од 27%, колку што добиваат пензионерите од првиот столб.

Поради тоа денес речиси сите пензии се исплаќаат само од првиот столб со додаток од 27%, а парите што се зачувани на сметката на вториот столб за време на пензионирањето се пренесуваат во првиот столб.

Кој не може да се врати во првиот пензиски столб?

Лицата кои немаат право на пензиски додаток не можат да се вратат во првиот пензиски столб. Така, според постојните прописи, сите оние кои се родени 1962 година и подоцна немаат право на додаток, а пензијата ќе им се исплаќа комбинирано од првиот и вториот столб. Првите пензионери според новите услови се пензионираа оваа година, а во поголем број ќе се пензионираат од 2019 година.

Бидејќи дел од пензијата од втор столб обично не е доволна за да се компензира загубениот додаток, идните пензионери се наоѓаат во нееднаква положба.

Рамковните пресметки покажуваат дека лицето кое сега има 60 години, а се вклучило во вториот пензиски систем и имало просечна плата, со додатокот од 27 % би имало пензија од 3.267 куни месечно. Без додаток ќе добие речиси 18% пониска пензија. Поточно, би добило пензија од 2.690 куни, или 577 куни помалку.

Како да се реши проблемот на новите пензионери?

Со цел да се исправи неправдата, сегашната влада ќе мора и на идните пензионери во одредена мера да им обезбеди надоместок.
Претставниците на пензиските фондови предлагаат на новите пензионери да им се признае истиот додаток каков што добиваат пензионерите од првиот столб (27%), така што надоместокот да им се признава за дел од пензиите кои уплатувале во првиот столб. Со ова ќе се изедначи позицијата на старите и новите пензионери и ќе се задржи разликата во пензиите во зависност од износот заштеден во вториот столб.

Министерот за труд и пензиски систем, Марко Павиќ, ќе излезе со конкретни решенија по темелната анализа, а според досегашните најави мерките ќе одат во насока на изедначување на пензиите од првиот столб со пензиите од вториот столб. Ова значи дека износот заштеден во вториот столб, како што беше досега, нема да влијае на висината на пензијата.
Очигледно, станува збор повторно за привремено решение кое треба би требало да потрае  додека не се создадат услови за зголемување на издвојувањата за вториот пензиски столб.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×