Враќање кон “првата љубов“ на македонскиот бизнисмен
Објавено на од во НАВИГАТОР

Sveto WEB 01

Откако излезе од сопственичката структура на Пивара Скопје и го купи и врати стариот сјај на Тиквеш, Јаневски повторно влегува во пиварскиот бизнис

Светозар Јаневски ќе ја оживува “Белградската индустрија за пиво“

Закупот на “Белградската индустрија за пиво“е само меѓуфаза во планот чија крајна цел е изградба на сосема нов капацитет за производство на пиво, на нова локација

 

“Крај на пенливата сага: Планот на Македонецот – умира ли БИП?“ беше насловот на B92.net, еден од бројните српски медиуми што деновиве ја пренесоа веста дека македонскиот бизнисмен Светозар Јаневски, преку неговата компанија “М6 – Еден“ регистрирана во Србија, ја зема под закуп “Белградската индустрија за пиво  – БИП“ за 912 илјади евра годишно, откако Одборот на доверители на компанијата ја прифати неговата понуда после две години превирања. Алузијата за згаснувањето на белградската пиварница чии корени се уште од 1839 година, а сега е под стечај,  е веројатно заради тензиите што се кренаа во српската јавност околу вистинските намери на Јаневски во однос на компанијата: од тоа дека тој воопшто нема намера да се бави со производство на пиво, туку го интересира земјиштето на кое што е пиварницата, па до таму дека ќе гради нов капацитет во кој што не се знае дали ќе се произведуваат брендовите на БИП. Капитал упати неколку прашања до г-нот Јаневски за поконкретни информации околу неговите намери со БИП, но до моментот на затворање на овој текст не добивме одговори, па ги користиме неговите изјави за српските медиуми.

Јаневски за Танјуг изјави дека не е заинтересиран за “освојување“ на недвижности и локации, туку дека во следниот период планира да вработи до 300 луѓе, да го обнови производството и да ги оживее брендовите на пиварницата.

Всушност, во писмото за намери упатени во 2015 година до тогашниот министер за економија Жељко Сертиќ, Јаневски вели дека договорот за техничко – деловна соработка со БИП не е негова крајна цел, туку влегувањето во БИП е меѓуфаза кон сосема нов производен погон.

“Тоа ќе биде нова и модерна гринфилд инвестиција на сосема нова локација, која што не е оптоварена со дубиози и судски спорови. За изградба и опремување ќе бидат потребни 30 милиони евра“, се вели во писмото за намери.

Јаневски вели дека планот им е да вработат многу повеќе луѓе одошто тоа им е обврска со договорот за закуп, но дека тоа не може да се направи брзо, туку е неопходно да се изградат нови дистрибутивни центри и да се обнови соработката со старите партнери на БИП, како и да се најдат нови.

Зборувајќи за малите акционери, како што ги нарече “опашки од минатото“, како и за долговите на БИП кон банките и државата, Јаневски кажа дека како закупец не може да се меша во капиталот на компанијата, и не е надлежен да ги решава проблемите наталожени од претходните раководства што се однесуваат на малите акционери. БИП и должи на државата 25 милиони евра, а намерата на Јаневски и неговиот тим е да процени капацитетот на производните погони за да се внесе свеж капитал и осовремени идното производство.

“Рентираме и инвестираме, тоа е нашата сегашна позиција. Прво мораме да ги решиме техничките прашања на терен, а после тоа ќе работиме на оживување на брендот и креирање на неколку дистрибутивни центри“, вели Јаневски, кој што очекува за десетина дена да го добие договорот од Одборот на доверители и да официјално да влезе во фабриката.

Светозар Јаневски е познат како долгогодишен директор на Пивара Скопје, чии што мнозински пакет акции ги откупи заедно со уште неколку топ менаџери на компанијата во процесот на приватизација во 90-те. Подоцна дел од акциите беа продадени на Хајнекен – Кока Кола, за во 2011 година Јаневски целосно да излезе од сопственичката структура, продавајќи ги и преостанатите акции. Во меѓувреме, тој заедно со неговата инвестициска групација М6 го купи винарскиот комбинат Тиквеш, а го донесе и светскиот синџир за брза храна Мекдоналдс во земјава, кој што му ја одзеде лиценцата на Јаневски пред четири години.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×