Време е банкарите сериозно да ги сфатат криптовалутите
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС

bitcoin12Шефицата на ММФ Кристин Лагард најавува крај на банкарскиот модел што го познаваме

Извршниот директор на ММФ, Лагард, коментирајќи го ставот на директорот на JPMorgan, Дајмон, дека биткоинот е „измама“, вели оти и банкарите треба да бидат свесни дека ништо не треба категорички да се тврди за дигиталните валути, зашто „ова е многу повеќе од тоа (од измама)“
„Време е светските централни банки и регулаторите да станат сериозни во врска со дигиталните валути“, смета шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард.

 

„Глобалните финансиски институции се под ризик со тоа што не обрнуваат внимание и не ги разбираат новите финтек производи кои веќе почнуваат да ги потресуваат финансиските услуги и глобалниот систем за плаќање. Мислам дека ќе видиме масивни пореметувања“, изјави таа неодамна, за CNBC, во Facebook Live интервју дадено на маргините на годишната средба на ММФ во Вашингтон.

Прашана дали се сложува со коментарите на првиот човек на JPMorgan Chase, Џејми Дајмон, дека биткоинот е „измама“, Лагард вели оти е важно да се согледаат пошироките импликации од технологиите како дигиталните валути.

„Мислам дека треба да бидеме свесни оти не треба да тврдиме категорички нешто во врска со дигиталните валути, во овие шпекулации за сличност со пирамидалните измами”, вели шефицата на ММФ. „Ова е многу повеќе од тоа“.

Да потсетиме, генералниот извршен директор на инвестициската банка JPMorgan, Џејми Дајмон, генерално го смета биткоин пазарот за измама, и за голем инвестициски шпекулативен меур, дури и најголем во историјата. Ситуацијата во која вредноста на биткоинот од почетокот на годината порасна петкратно, „нема да заврши добро“, смета Дајмон (во времето кога тој ја даде изјавата растот беше четирикратен, а новиот скок на вредноста на биткоинот веројатно само му го засилува ставот).

Сепак, што се однесува на блокчеин технологијата (blockchain – виртуелната сметководствена книга, распрсната меѓу многу корисници на принцип peer-to-peer, како гаранција за децентрализираноста на системот што ги запишува трансакциите со криптовалути без да собира информации за идентитетот на корисниците, туку потпирајќи се само на кодовите за секоја одделна трансакција што самиот блокчеин ги генерира), Дајмон е оптимист и смета дека банките со време ќе ја прифатат како многу корисна.

Лагард дури не ја отфрла можноста дека ММФ во одреден момент може да развие сопствена криптовалута. Таа посочи на Специјалните права на влечење (Special Drawing Right – SDR); валутата што ММФ ја креираше за да служи како меѓународна резерва, што може да инкорпорира технологија слична на криптовалутите.

„Она што ќе го разгледуваме е како оваа валута, SDR, всушност може да ја користи технологијата за да биде поефикасна и поевтина“, вели Лагард.

Таа за CNBC рече дека очекува ММФ да ја одигра својата улога во регулирањето на напредокот на финтек индустријата.

„Се надевам дека ние ќе учествуваме во овој процес, зашто го гледам како процес што ги преминува границите“, вели Лагард.

Финтек, според неа, веќе предизвикува пореметувања во индустријата за финансиски услуги со тоа што новите технологии ја намалуваат цената на финансиските трансакции. Таа смета дека технологијата како блокчеин може да помогне банкарскиот систем да стане поинклузивен.

„Мислам на жена во некоја од земјите во развој која треба да носи пари со себе, и која ризикува да биде жртва на насилство и слично. Ако таа може преку својот мобилен телефон да оперира подискретно и поефикасно, тоа ќе биде одлично“, смета шефицата на ММФ.

24бЛагард: Проблемите со криптовалутите може да се надминат во догледно време

Лагард уште претходно, на конференција на Банката на Англија што се одржа во септември, оцени дека биткоинот „го поставува под прашалник банкарскиот модел што денеска го познаваме“

Во искрен разговор на конференцијата во Лондон, таа изјави дека биткоинот и криптовалутите имаат еднаква иднина како и самиот интернет.Тие би можелe да ги заменaт централните банки, конвенционалното банкарство.

Лагард смета дека сегашните проблеми со криптовалутите реално може да се надминат во догледно време.

Долгорочно, самата технологија може да ги замени актуелните национални валути, конвенционалното финансиско посредување, па дури и „го поставува под знак прашалник банкарскиот модел што денес го познаваме“.

Во предавањето со тон на осуда кон колегите кои не ја прифаќаат иднината, Лагард предупреди: „Не толку неодамна некои експерти тврдеа дека персоналните компјутери никогаш нема да бидат прифатени, или оти таблетите ќе се користат само како скапи играчки – послужавници за кафе. Поради тоа не мислам дека е паметно да се отфрлат дигиталните валути“.

Таа вели дека виртуелните валути како биткоинот претставуваат мал или скоро никаков предизвик за постојната побарувачка за валути од централните банки. Зошто? Бидејќи се премногу нестабилни, премногу ризични, премногу енергетски интензивни и поради тоа што технологиите сѐ уште не се доволно скалабилни. Многу криптовалути сѐ уште се недофатливи за регулаторните закони, а некои од нив се дури и хакирани.

Но, како што ја цитиравме погоре Лагард, „многу од овие технолошки предизвици може да бидат решени со време“.

Во делот од нејзиното предавање каде таа се осврнува на тоа зошто „не е паметно да бидат отфрлени дигиталните валути“, шефицата на ММФ вели:

„На пример, размислете за земјите со послаби институции и со нестабилни национални валути. Наместо да прифатат валута на друга земја, како американскиот долар, некои од овие неразвиени економии би можеле да доживеат растечка потреба од виртуелни валути. Да го наречеме тоа „доларизација 2.0“.

На прашањето, пак, зошто луѓето би сакале виртуелни валути, а не физички долари, евра или фунти, одговорот, според Лагард, би можел да биде тоа што еден ден виртуелните пари би можеле да станат полесни и посигурни од банкнотите, особено во поодалечените подрачја. „И затоа што виртуелните валути би можеле всушност да станат постабилни“.

„Виртуелните валути можат само да им додадат ветар во грб на постоечките валути и на монетарната политика со управувањето со парите. Најдобар одговор на централните банки е да продолжат со водењето ефикасна монетарна политика, додека се паралелно отворени за свежи идеи и новите потреби, како што економиите се развиваат заедно со технологиите“.

Лагард посочува и на предноста на поевтинувањето на финансиските трансакции што го носат дигиталните валути.

„Четири долари за градинарски совети од дама од Нов Зеланд, три евра за стручен превод на јапонска песна и 80 пени за виртуелно прикажување на дел од Лондон. Тие плаќања можат да се извршат со кредитни картички и со други форми на електронски пари. Но, трансакциските трошоци се релативно високи за вака мали трансакции, особено кога се прекугранични.

Наместо тоа, граѓаните еден ден би можеле да ги преферираат виртуелните валути, бидејќи ќе можат многу практично да вршат плаќања, без временско одложување, без централна регистрација, без посредник за проверка на сметката и идентитетот. Ако виртуелните валути останат и натаму ризични и нестабилни, граѓаните можат дури и да ги повикаат централните банки да обезбедат дигитални форми на законско наддавање, за виртуелните валути да станат постабилни и помалку ризични“.

Биткоинот не престанува да преминува магични граници

Инаку, најголемата и најпопуларна крипотвалута периодов одново ги израдува сите што ѝ веруваат, односно оние кои вложиле во неа. Биткоинот ја прескокна новата магична граница од 5.000 долари вредност (во моментот на пишувањето на текстот цената му беше 5716.87 долари, зашто растот од 4.800 на 5.000 долари не ја забави побарувачката).

Најпознатата криптовалута за еден месец, додека достигна 5.000 долари, доби на вредност скоро 75%. Во овој период (месец) биткоинот до нивото од 5.000 долари се доближи само еднаш, за подоцна цената да му ја урнат одлуките на Кина (Кинеската централна банка донесе одлука со која во најнаселената држава се забрани собирање капитал преку иницијални јавни понуди на коини (ICO)) и изјавите  на банкарите (како цитираната на Џејми Дајмон) за биткоинот како „измама“.

Но, криптовалутата која ја знаат и најнезаинтересираните за темата се врати посилна од кога и да е. Од почетокот на годината нејзината вредност петкратно се зголеми, потврдувајќи дека станува збор за еден од најголемите инвестициски трендови (некои би рекле меури) во историјата.

Некои, како тие што зборуваат за меур, и натаму тврдат дека биткоинот е пренадуена работа што лошо ќе заврши, а други предвидуваат дека неговата вредност ќе достигне и 10.000 долари во наредните 6 до 10 месеци.

По изминатото скоро десетлетие откако Сатоши Накамото (кој и да се крие зад овој псевдоним – човек или група луѓе) го објави на девет страници манифестот за создавањето на биткоинот како децентрализиран систем за електронско плаќање, криптовалутите, кои почнаа како технолошки експеримент за ентузијасти, денес се средство за размена активно користено од околу 6 милиони луѓе (толку имаат виртуелен паричник за криптовалути – според глобалното истражување на експерти од Универзитетот Кембриџ, бројката е 5,8 милиони).

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×