Врховниот суд денеска ќе одлучува дали „бомбите“ може да се користат како докази
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Врховниот суд денеска ќе расправа дали прислушуваните материјали („бомбите“) можат да бидат користени во доказна постапка, како и за барањето за заштита на законитоста поднесено од државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, околу притворот на бизнисменот Сеад Кочан.

За првата точка ќе се разгледуваат двата реферати на првиот човек на највисокиот суд во државата, Јово Вангеловски.

Вангеловски во првиот реферат сугерира исклучување на прислушуваните разговори како доказ во постапките, пишува Макфакс. Како аргумент користи две претходни постапки во кои Врховен наложил да се отстранат докази бидејќи биле незаконски, меѓу нив, eдната е против поранешниот градоначалник на општината Аеродром, Кирил Тодоровски. Но, тогаш прислушуваните разговори биле одбиени како доказ, бидејќи осудените прво биле под истрага за потешки кривични дела, а биле осудени за кривични дела за кои не е дозволено прислушување.

„Врховниот суд на Република Македонија денес со почеток во 13 часот ќе одржи продолжение на Општата седница, на која ќе се разгледуваат рефератите по правните прашања „Надлежност за поднесување на барање за заштита на законитоста“ и „Дали доказите кои се стекнати на незаконит начин можат да бидат употребени како доказ во судска постапка“, стои во официјалното соопштение на Судот.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×