Вртоглав раст на профитот на Џонсон Мети во Македонија, лани достигна 91,4 милиони евра, раст од 207% за две години
Објавено на од во Компании

Минатата 2015 година била исклучително успешна за фабриката на Џинсон Мети во слободната зона Бунарџик. Профитот на Џинсон Мети минатата година е зголемен за 63,1% и достигна 91,4 милиони евра, покажуваат податоците од Бизнисмрежа.мк.
Профитот на Џинсон Мети секоја година бележи огромен раст, што е тешко остварливо за било кој друг извозник во Македонија надвор од слободните економски зони. Така, ланскиот профит на Мети е дури за 207 % поголем во споредба со профитот од 29,7 милиони евра што компанијата го остварила во 2013 година.
Meti JohnsonПриходите кои овој производител на катализатори ги направил во 2015 година достигнаа рекордни 1,2 милијарди евра и тие се зголемени за 28,33%.
Фабриката што британската компанија Џонсон Мети ја отвори во слободната зона Бунарџик пред шест години е најголема и најпрофитабилна компанија во Македонија.

Не е јавно достапна информацијата колку субвенции и државна помош од буџетот добил досега Џонсон Мети за инвестицијата во Македонија, но она што се знае дека компанијата е ослободена од сите даноци, придонеси, царини, а за сите енергенси кои ги користи како на пример струја и природен гас, не плаќа ниту ДДВ.

Џонсон Мети првата фабрика во слободната зона Бунарџик ја отвори во 2010 година, во која се произведуваат катализатори за контрола на издувни гасови во автомобили, кои се наменети за извоз . Во 2013 година Џонсон Мети отвори и втор производен погон во Бунарџик, по што стана и најголем извозник во Македонија.

2 thoughts on “Вртоглав раст на профитот на Џонсон Мети во Македонија, лани достигна 91,4 милиони евра, раст од 207% за две години

  1. Еден новинар што обработува економски содржини навистина треба да знае што значи инвестициски циклус и да е способен да истражи зошто/како може добивката на компанијата да порасне за така висок процент. Ако ЏМ минатата година бил сеуште во фаза на вложување, а во оваа не, тогаш нема ништо нелогично во овие бројки. Освен тоа, прифитна маргина од околу 7%, колку што грубо изнесува во 2015, во индустријата во која работи МЏ е сосема нормална. Така што со бројките од 2015 всушност "се си доаѓа на свое место".

    Во делот на државната помош, мислам дека е редно да точно разберете што се нуди како помош. Сите даноци е неточна дефиниција, бидејќи ослободувањето се однесува на данок на добивка и перонсален данок на доход. И тоа трае најмногу до 10 години, а не бескрајно, што е многу важно во примерот со ЏМ, бидејќи производството почна во 2009 година и наскоро ќе истечат овие поволности. Второ, придонеси е сосема неточно. Инвеститорите во зоните не се ослободени од придонеси, напротив, фирмите надвор од зоните беа ослободени со проектот "Македонија вработува". Трето, ослободувањето од царини е сосема идентично за компаниите во и надвор од ТИРЗ. Ако увезуваш/извезуваш од ЕУ, ЦЕФТА, итн, нема да платиш царина каде и да си.

    Без навреда, но не е се во сензационализмот.

    1. Godposdine Jovanovski, pred da komentirate javno pocitajte malku poveke. Site informacii vi se dostapni javno. Eve vi eden link za da se informirate podobro – http://www.dtirz.com/media/1189/zakon-tirz-mkd.pd….
      Znaci ne samo sto se oslobodeni samo od danok na dobivka i personalen dohod, tuku ne plakaat DDV na uvoz na site surovini i oprema, ne plakaat nikakvi carini pri uvoz, i plus dobivaat i nadomest za obuki na vrabotenite, duri i koga zemaat gotov kadar od firmite nadvor od zonite. Isto taka ima i uslovi kako im se prodolzuvaat ovie povolnosti i podolgo od 10 godini.

      So pocit,
      redakcija Kapital

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×