Вселенската патријаршија ќе го разгледа барањето на МПЦ за враќање во канонски статус под името Охридска архиепископија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Константинополскиот партијархат – Вселенската партијаршија, ќе го разгледа барањето на Македонската православна црква поддржано од премиерот Зоран Заев за преземање иницијатива од страна на Вселенската партијаршија за враќање во канонски рамки на МПЦ под името Охридска архиепископија.

Синодот на патријаршијата писмата од МПЦ и Заев ги разгледал на вчерашна седница, и одлучил да постапи имајќи ги предвид канонските услови и надлежностите и правата на вселенскиот патријарх.

„Синодот го разгледа барањето на расколничката црква, поддржано и преку писмо од премиерот на ПЈРМ, господинот Зоран Заев, за преземање иницијатива од Вселенската патријаршија за враќање на црквата во канонски рамки под името Охридска архиепископија, и одлучи да се заземе за ова и да ги преземе потребните чекори, според неприкосновените права произлезени од историските и канонски надлежности и привилегии на првопрестолната Вселенска патријаршија“, стои во соопштението на Вселенската патријаршија. Capture

Вчера и грчкиот премиер Алексис Ципрас, одговарајќи на прашање на опозициската Нова демократија, рече дека договор – решение за спорот за името сеуште нема, но оти во контекстот има одлука на Вселенската патријаршија.

„Единствено што постои до овој момент е одлуката на Светиот синод на Вселенската патријаршија да се спроведе потребното за да се излезе во пресрет на барањето на премиерот на ПЈРМ за бришење на терминот „Македонија” од името на црквата на нашите северни соседи“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×