Втора инвестициска фаза во „Костал“, 750 нови работни места
Објавено на од во Економија
Германската компанија за производство на компоненти за автомобилската индустрија „Костал“ во капацитетот во Охрид наредните пет години ќе вработи уште 750 лица, односно до крајот на 2025 година ќе достигне вкупно 1 150 вработени, со што ќе биде меѓу трите најголеми производствени капацитети на групацијата во Европа. Предвидено е „Костал Македонија“, германска браунфилд инвестиција во рамки на порашените капацитети на охридски „ЕМО“, да оствари извоз од околу 300 милиони евра на годишно ниво.
косталВицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој денеска беше во посета на „Костал“ истакна дека компанијата е странска инвестиција што значајно влијае врз стопанскиот развој на Охрид, истовремено и придонесува за зголемување на БДП во земјата.
„Неодамна потпишан е договор за државна помош за втората фаза од инвестицијата на „Костал“ вредна над 40 милиони евра. Како држава ќе направиме се што е во наша моќ и натаму да привлекуваме странски инвестиции, да ја помогнеме нивната соработка со домашникомпании, но и такви инвеститори што ќе вработуваат високообразовен кадар со поголеми месечни примања“, рече Анѓушев.
Тој посочи дека 42 отсто од вработените во „Костал“ во Охрид се со високообразование и оти просечната бруто плата во компанијата е 820 евра што, според него, е дел од стратегијата на Владата во насока на подобрување на условите за работа во земјата и остварување повисоки примања.
„Точно тоа е она што ни е потребно и она што сакаме да го стимулираме во земјата…во моментов се градат околу 30 фабрики во земјата. Како резултат на тоа се и бројките за странски директни инвестиции кои минатата година достигнаа рекордни 624 милиони евра, кои се повеќе од 260 проценти повеќе од просекот претходните години. Очекувам позитивни бројки и во следниот период“, рече вицепремиерот.
Извршниот директор на групацијата „Костал“ Каи Кникман изрази задоволство од текот на реализацијата на нивната инвестициска програма во Охрид, како и од работењето на раководниот тим на компанијата во држвава.
„За кус временски период од една и пол година, овој капацитет е целосно оперативен и веќе брои 450 вработени, вклучени во високотехнолошки процес.Ова е само прв чекор од нашите заложби и планови, за кои би истакнал дека немаше да се реазлизираат без соработка со локалната заедница и поддршка од македонските власти“, истакна Кникман.
Германскиот амбасадор Томас Герберих оцени дека „Костал“ е исклучителен пример на успешна германска инвестиција во Република Северна Македонија и истворемено потврда на одличните билатерални односи меѓу двете држави, особено во економската сфера.
„Во Северна Македонија моментно има над 200 германски инвестиции, во кои се вработени над 15 илјади лица, со цел дополнително зголемување на нивниот број, со што придонесуваме за евроатлантските интеграции на земјата. Сакам да ве уверам дека германската Влада и натаму ќе го поддржува тој процес“, истакна Геберих.
Во фабриката во Охрид „Костал“ произведува модули за речиси сите светски автомобилски компании, односно комплексни производи за коишто се потребни квалификуван персонал и технолошки софистицирана опрема. Како што вели директорот на „Костал“ Виктор Мизо, според комплексноста на производството, „Костал“ е меѓу технолошки најсофистицираните фабрики во земјата, со автоматизирано производство со еден робот на двајца вработени. Со реализацијата на бизнис планот на компанијата, во погоните во „Костал“ во процесот на производство ќе бидат вклучени 500 роботи.Речиси 99 отсто од вработените во производствениот процес во „Костал“ се од Охрид и Струга. Високообразованиот обучен кадар го сочинуваат инженери од сите градови во земјата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×