Втора работилница за измени во Законот за вработени во јавниот сектор
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Министерството за информатичко општество и администрација организираше работилница со цел започнување на консултативниот процес за измени на Законот за вработените во јавниот сектор и на Законот за административните службеници.

mioa

 

Консултатации за измени на законите за вработени во јавен сектор и за административни службеници во институциите опфатени со тие закони почна денеска на работилница Министерството за информатичко општетсво и администрација.

Како што информирал државниот секретар Јахи Јахија, на работилницата институциите опфатени со Законот за вработените во јавниот сектор имале можност да ги претстават ставовите и предлозите во однос на прашањата кои во текот на изминатиот период на примена предизвикаа различни гледишта и толкувања.

„Тоа се прашањата за опфатот на институциите од јавниот сектор, класификацијата на вработените, нивните права и должности, Каталогот на работни места, актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, Регистарот на вработените, изготвувањето на годишните планови за вработување, видовите на вработувања како и мобилноста во јавниот сектор“ соопшти МИОА.

Оттаму очекуваат на работилницата да се дебатира за сите отворени прашања што ги засегаат институциите опфатени со Законот за вработени во јавниот сектор и од заклучоците да произлезат препораките за измени на двата закона.

Ова е втора работилница од овој тип, во организација на МИОА. Врз основа на претходните дискусии беа идентификувани клучните проблеми во имплементацијата на законите и беа предложени решенија за нивно надминување.

Од Министерството за информатичко општество и администрација потенцираат дека во периодот што следува остануваат отворени за сите предлози насочени кон унапредување на регулативата што ќе овозможи понатамошен развој на јавната служба и управувањето со човечките ресурси во јавниот сектор

Работилницата се одржува со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×