Вучиќ: Ако изгубам на изборите за претседател, нема веќе да бидам премиер
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Одлуката дали српскиот премиер Александар Вучиќ ќе биде кандидат на претседателските избори во Србија ќе биде донесена во петок на седница на Главниот одбор на Српската напредна партија (Српска напредна странка – СНС).

Вучиќ образложи дека ја прифатил кандидатурата за претседател на државата само затоа што сметал оти, како што рече, тоа е важно за обезбедување континуитет и стабилност за Србија.

„Тоа е најважно и не постои жртва што поради тоа не би ја ризикувал или не би ја прифатил“, изјави Вучиќ за РТС.

Премиерот рече дека својата актуелна функција ќе ја врши до денот на распишување на изборите за претседател.

Изјави дека доколку биде кандидат на изборите за претседател на Србија, а загуби, нема да биде ниту премиер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×