Вучиќ: Ако потпишеме договор со Приштина, ќе мора да добиеме гаранции за влез во ЕУ во 2025
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

vucicСрпскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за британската агенција Ројтерс изјави дека постигнувањето договор меѓу Белград и Приштина ќе треба да подразбира и јасни гаранции за влегување на Србија во Европската Унија во 2025 година, но тоа, како што оцени, голем број европски лидери, во време кога следат клучни избори за Европскиот парламент, не би сакале да го слушнат.

„Ако постигнеме договор, Белград и Приштина, несомнено е дека Србија би морала да добие јасни гаранции за влез во ЕУ во 2025 година“, вели Вучиќ во интервјуто .
Тој порача и дека каков било договор меѓу Белград и Приштина би бил подобар од кое било решение кое може да го донесе некој трет.

„На Албанците секогаш им кажував – подобро е ние да се договориме, отколку сите други да се договараат преку наш грб, колку и да е тежок и лош договорот за двете страни, ако ние се договориме меѓу себе, ќе биде многу подобро, отколку да не се договориме па други да се договараат преку наш грб“, изјави Вучиќ за Ројтерс.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×