Вучиќ: Брнабиќ ќе го покани Заев за заедничка седница на двете влади
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ја известил амбасадорката на Македонија, Вера Јовановска Типко, дека српската премиерка Ана Брнабиќ ќе упати покана до македонскиот премиер Зоран Заев за одржување заедничка седница на владите на двете земји до крајот на годинава во Белград.

„Сите сметаме дека е потребно да работиме вредно и одговорно на унапредување на нашите односи“, нагласил Вучиќ на почетокот на средбата, прва откако Србија во неделата го повлече целиот персонал од Амбасадата во Скопје на итни консултации во Белград.

Вучиќ и Јовановска Типко, како што пренесува Танјуг, разговарале и за што побрзо одржување на Мешовитиот комитет за економска соработка. Српскиот претседател разговарал со македонската амбасадорка и за можностите за унапредување на добрососедските односи и на традиционалните пријателски врски меѓу двете земји и нивните народи.

Како теми за кои би се разговарало на заедничките состаноци кои претстојат, би биле унапредувањето на соработката во сите сфери, особено во економијата, туризмот и заедничкиот настап на трети пазари. На средбата е нагласено и значењето на соработката во областа на науката и културата и заштитата и зачувувањето на јазиците на српското и на македонското национално малцинство во двете земји. Констатирано е и дека соработката на стопанските комори на двете земји е многу добра за што показател е и основањето на Српско-македонскиот бизнис клуб, се вели во соопштението од кабинетот на српскиот претседател.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×