Вучиќ: Чувствувам и гледам дека нешто не е во ред со Западен Балкан
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

“Чувствувам и гледам дека нешто не е во ред со Западен Балкан. И морам да кажам дека по прв пат се плашам за стабилноста на регионот”, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ на конференција под наслов “Пријателите на Србија”, која денес се одржа во Брисел, а на која покрај српскиот премиер учествуваа претставници на сите 28 земји членки на ЕУ, вклучувајќи ги и шефовите на дипломатијата на Германија, на Австрија, на Хрватска, на Италија и на Словачка.

“Не ни требаат немири, нити некакви искри кои би можеле да го запалат огнот на пример во Босна или некаде на друго место”, изјави Вучиќ.
Тој изрази надеж дека македонскиот народ ќе ги надмине тешкотиите кои го снашле и дека ќе излезе од кризата.
“Нема да присуствуваме на никакви демонстрации, ниту ќе се мешаме во внатрешните работи на ниту една соседна земја”, потенцира Вучиќ.
Загриженост за ситуацијата во Македонија изрази и австрискиот шеф на дипломатијата Себастијан Курц.
“Гледаме дека недостатокот на европска перспектива не е добар за стабилноста на Македонија, како ни за регионот”, истакна Курц истовремено заблагодарувајќи се на Србија заради конструктивната улога која ја играат во регионот.
Инаку, главна цел на денешната конференција е да се подготви теренот за што побрзо отпочнувањето на преговорите на Србија со ЕУ, што Австрија и Италија го заговараат веќе подолго време.

Неофицијално во јуни или најдоцна до септември Србија очекува отворање на неколку поглавја, најнапред поглавјата 23 и 24 (правосудство и основи права), потоа поглавјето 35 (нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина), кои ќе имаат примарно значење во преговорите.

 

One thought on “Вучиќ: Чувствувам и гледам дека нешто не е во ред со Западен Балкан

  1. Od kade toj Kurc znae deka Makedonija nema evropska perspectiva i deka toa predizvikuva nestabilnost vo zemjata?

    Koj go nauci yoa?

    Mozebi mu izbega niz usta rabotite sto EU gi kazuva na zatvoreni sostanoci vo Brisel za Makedonija?

    Najvazno e Makedonija da se spravuva so site neprijateli cvrsto, odlucno, bezmilosno i deset pati pobrzo od posledniot pat.

    Samo toj jazik go razbira neprijatelot i EU.

    Nie da se razvivame so investicii i izvozno proizvodsto. Yoa e evropa za nas!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×