Вучиќ денеска ја презема должноста претседател на Србија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Досегашниот премиер на Србија, Александар Вучиќ, денеска ќе даде заклетва пред пратениците на Парламентот и ќе стапи на должноста претседател на државата.

Вучиќ петгодишниот мандат ќе го почне со заклетвата што гласи:

„Се колнам дека сите свои сили ќе ги посветам на зачувување на сувереноста и целовитоста на територијата на Република Србија, вклучувајќи го Косово и Метохија како нејзин составен дел, како и на остварувањето на човековите и на малцинските права и слободи, на почитувањето и бранењето на Уставот и на законите, на зачувување на мирот и на добростостојбата на сите граѓани на Република Србија, и оти совесно и одговорно ќе ги вршам сите свои должности“.

Вучиќ вчера поднесе оставка на функцијата премиер, а штом Парламентот на Србија денеска ја констатира, на Владата ѝ престанува мандатот и почнува да тече рокот од 30 дена за избор на нова влада.

По полагањето на заклетвата, на Вучиќ должноста ќе му ја предаде претседателот во заминување, Томислав Николиќ.

По повод стапувањето на Вучиќ на должноста претседател на Србија, повеќе организации и движења најавија протести во Белград.

Претседателот на Социјалдемократската партија (СДС) на Србија, Борис Тадиќ, оцени дека Вучиќ во претходните пет години „се поистоветил со државата и се поставил над законите и институциите“, и оти и како претседател ќе го „следи континуитетот на автократско владеење“.

„Сите актери на власт во последните пет години се само марионети на Александар Вучиќ – така е цело време од 2012 година без разлика кој ја врши функцијата премиер или прв потпретседател на владата“, изјави Тадиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×