Вучиќ и Рама усвоија Декларација за слободен проток на стоки, услуги и луѓе
Објавено на од во Економија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама денеска во Нови Сад усвоија заедничка Декларација, која се базира на имплементација на четири основни клучни слободи на ЕУ на Западен Балкан – за слобода на проток на стоки, капитал, услуги и луѓе.
zaev-brnabic-rama-vucicСо неа, со поддршка на ЕУ, почнува процес на кој се повикани да се вклучат и останатите држави на Западен Балкан.
“Северна Македонија е отворена за секоја иницијатива што ја промовира регионалната соработка, за забрзување на процесот на евроинтеграции на сите земји од Западен Балкан, како што е и Берлинскиот процес, изјави Заев по трилатерална средба во Нови Сад”, додавајќи дека ова е важно и за интеграцијата на земјава во ЕУ.
Според него, на овој начин Балканот дефинитивно ќе биде повеќе почитуван од сите други региони во светот, биде покомпетитивен и ќе биде попривлечен за неговите граѓани „да останат, да работат и да го планираат својот живот тука“.
Заев нагласи дека со таквиот пристап Балканот ќе стане попривлечен и за странските инвестиции, кои ќе можат преку широк ресурс да ги прават своите планови врз основа на регионалната понуда што може да им ја испорача регионот.
“Пред нас се можностите да ги искористиме нашите заеднички потенцијали за зголемување на соработката и ќе добиеме повеќе почит и поддршка од ЕУ, ако самостојно покажеме, како што покажавме денеска, дека имаме и внатрешен капацитет да ги исполниме оние очекувања, кои не се искористени како потенцијали”, изјави премиерот Заев на заедничката прес-коференција на тројцата лидери.
Тој во име на тројцата учесници на средбата ги повика сите земји од регионот да се приклучат на оваа иницијатива, бидејќи, како што рече, Западен Балкан „дефинитивно е аспирација на сите во делот на унапредување на соработката“.
“Oваа иницијатива испраќа и сериозни политички пораки дека се релаксираат односите во регионот. Балканот не е повеќе како во 19-от век, буре барут, туку Балкан на 21-от век како регион на мир и стабилност, економски развој, ориентиран за интеграциите во ЕУ и квалитетот на живеење на нашите граѓани”, истакна Заев.
Премиерот најави дека следниот состанок во овој формат ќе се одржи во Охрид на 10 ноември, каде очекува да бидат соопштени и првите успеси од ваквата иницијатива, да бидат потпишани одредени договори и да продолжио иницијативата за слободен проток на луѓе, капитал и стоки.
“Во 2020 Република Северна Македонија прв пат како земја нечленка на ЕУ, заедно со Република Бугарија ќе копретседава со Берлинскиот процес, што е добра моност за нов силен импулс на зајакнувањето на регионалната соработка и реализација на оваа денешна иницијатива”, потенцира Заев.
На прашањето за економскиот бенефит за граѓаните во регионот од оваа иницијатива, премиерот Заев изјави дека „конечна цел е повисок стандард на граѓаните, повеќе пари кај граѓаните, поголема финансиска моќ и постабилно стопанство, нови работни места и слично“.
“На микроплан тоа значи право на младите да студираат полесно каде било во регионот, да се вработуваат полесно каде било во регионот, компаниите недостатокот на стручен кадар можат да го надополнат во целиот регион, поголеми странски инвестиции…. Стануваме пазар на 20 милиони луѓе и со оваа иницијатива ќе испатиме порака на взаемна доверба во институциите и ќе значи раст на БДП, нови работни места и други придобивки на нашите граѓани”, истакна Заев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×