Вучиќ избран за претседател во првиот круг на изборите во Србија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Српската напредна партија (СНП) и премиер на Србија, Александар Вучиќ, прогласи победа на претседателските избори што се одржаа денеска.

Вучиќ освоил речиси 56% од гласовите на избирачите.

На изборите, покрај Вучиќ, учествуваа уште 10 кандидати, од кои втор резултат има поранешниот народен правобранител, Саша Јанковиќ, кој добил 15,5% од гласовите, а Лука Максимовиќ, познат како Љубиша Прелетачевиќ-Бели, е трет, со 9,4%.

Српските и светските медиуми информираа дека излезноста на избирачите била 56%.

Во своето прво обраќање пред јавноста, новиот српски претседател, Вучиќ, вообичаено рече дека ќе биде претседател на сите граѓани, без разлика дали гласале за него или за некој од другите кандидати.

„Ова е важен ден и важно е дека се покажа во кој правец Србија сака да се движи. Важно е дека победата е чиста како солза. Добив 12% повеќе гласови од сите останати кандидати заедно“, рече Вучиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×