Капитал екслузивно од Белград. Вучиќ: Не сме тука да се сакаме, туку заеднички да правиме бизнис во регионот!
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Премногу сме мали и слаби како регионални економии за сами да се бориме за европските и светските пазари, порача српскиот премиер Александар Вучиќ на денешната 4-та Конференција на Бизнис плус, каде што партнер е и Капитал, а што се одржува денеска во Белград.

“Не сме тука да се сакаме меѓу себе, нормално е дека имаме несогласувања околуи некои политички прашања меѓу државите, но она што е најбитно, е да најдеме начин како да ја зголемиме соработката во бизнисот, како компаниите од регионот заеднички да настапат посилни на трети пазари. Докажавме дека може да го правиме тоа во градежништвото, зошто да не можеме и во другите сектори“, рече Вучиќ на отворањето на конференциајата, која што е инаку 4-та по ред организирана од Бизнис клубот на Бизнис плус.

Тој истакна дека Србија е подготвена да се отвори повеќе за соработка по сите основи со останатите земји од регионот и дека тоа го очекува и од останатите земји.

Преку 200 бизнисмени и политичари од регионот присуствуваат на 4-та Регионална конференција на Бизнис плус што денеска се одржува во Белград, во престижниот хотел Crowne Plaza.

Во хотелот, познат како поранешен Интер-континентал, место каде што имаат престојувано бројни светски славни личности од светот на политиката, уметноста, спортот, денеска се дискутира за тоа како да се направи повеќе бизнис во регионот. Во моментов се одвива панелот посветен на тоа како да се искористат потенцијалите во градежниот сектор на Балканот.

Организатори на конференцијата е регионалната медиумска платформа  Бизнис плус, каде што партнери се Капитал и уште пет други медиуми од балканските простори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×