Вучиќ: Од 10 до 20 април ќе водам во Европа и во светот некои од најважните разговори за Косово
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска дека од 10 до 20 април во Европа и во светот ќе ги води некои од најважните разговори за прашањето на Косово.

Вучиќ по состанокот со претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во Белград, рече дека не може јавно да зборува за тоа, но додаде оти не очекува „премногу добри вести за Србија“ од тие разговори.

„Не сме во лесна ситуација не затоа што Владата на Ана Брнабиќ или кој и да е од оваа генерација е виновен. Многу грешки направивме во меѓувреме, многу објективни околности не ни одеа на рака, но нам ни останува да ја браниме земјата од секого“, изјави Вучиќ.

Додик изјави дека Република Српска ја следи политиката на Србија, оти не е спремна да даде согласност Босна да ја прифати независноста на Косово.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×