Вучиќ: Персоналот од амбасадата повлечен поради многу офанзивно разузнавачко дејствување против Србија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

По синоќешното итно и необразложено повлекување во Белград на целиот персонал од српската амбасада во Скопје, првото официјално објаснување дојде од претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој денеска изјави дека српските надлежни органи утврдиле и докажале дека против Србија е извршено разузнавачко дејствување и оти поради тоа е повлечен персоналот од српската Амбасада во Македонија.

„Нашите надлежни органи утврдија и ни дадоа докази и сознанија за многу офанзивно дејствување против органите и институциите на Србија“, изјави Вучиќ.

„За седум до десет дена работите ќе бидат појасни“, потенцираше претседателот на Србија, додавајќи дека имало многу шпекулации, и најавувајќи оти „ќе има некои промени во нашиот персонал“.

„Наше е нашите луѓе да бидат подготвени; ќе има веројатно некои промени и во нашиот персонал, да се заштити пријателството меѓу Србите и Македонците, и да знаеме како да дејствуваме во поинаквото и ново опкружување што не ни беше познато до пред неколку месеци“, изјави српскиот претседател.

Тој порача дека без разлика на сѐ, Србија ќе продолжи да негува пријателски односи со Македонија.

Шпекулациите беа дека потегот на Белград, со повлекувањето на персоналот од амбасадата, е реакција на наводниот предлог што македонската Влада го подготвила за поддршка на зачленувањето на Косово во УНЕСКО.

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, претходно изјави дека во случајот „не станува збор за мала работа“, но не откри за што точно се работи.

Од Владата на Македонија реагираа дека земјава развива пријателски односи со сите соседни земји.

„Кога постојат отворени сензитивни прашања помеѓу два наши соседа, Владата на Република Македонија секогаш ги следи интересите на државата базирани врз принципите на добрососедство и унапредување на регионалната соработка, неутралност и немешање во споровите меѓу државите“, се вели во соопштението Владата на РМ, по повлекувањето на итни консултации во Белград на целиот пероснал од амбасадата на Србија во Скопје.

„Во однос на гласањето за членство на Косово во УНЕСКО, Владата на РМ ќе ги има предвид позициите на мнозинството земји членки на Европската Унија“, се наведува во соопштението од македонската Влада.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×