Вучиќ: Србија без правно-обврзувачки документ со Косово нема да може во ЕУ
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска дека на Србија нема да ѝ биде овозможено да стане членка на Европската унија без право-обврзувачки договор со Косово.

„Не е тоа прашање на признавање на независноста; никој тоа уште не го зборува на таков начин; зборуваат меѓу редови, ама не на тој начин; но, ова е она што јас веќе сега можам да го кажам“, рече Вучиќ.

Наведувајќи дека вчера во Брисел имал добри разговори (со претставници на ЕУ и на НАТО), Вучиќ рече дека Србија нема да може без драстични промени во својот, но и во целокупниот однос кон Косово и Метохија да стане членка на ЕУ.

На прашањето – што значат драстични промени, српскиот претседател рече: „Да извршите нормализација на состојбата, како што велат тие, тоа значи тоа, како и да толкувате. Значи, тие нема да дозволат да станеме членка на ЕУ без правно-обврзувачки документ“.

Вучиќ рече дека би било одлично „меѓусебе да се договориме“, но мисли оти тоа е биде тешко.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×