Вучиќ: Србија на пат да излезе од кризата
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Премиериот на Србија, Александар Вучиќ, денеска за прв пат најави дека Меѓународниот монетарен фонд погрешил во проценката за економскиот раст на земјата за 2015, нагласувајќи дека тој ќе биде поголем од 0.5%

Според него, Србија во идниот период ќе стане една до земјите во Европа со најголем раст на Бруто-домашниот производ, што би значело и излез од економската криза.

„Денеска за прв пат смеам да кажам дека оцената на ММФ за економскиот раст на Србија нема да биде точна. Таа предвидува дека растот ќе биде помеѓу -0,5 % и -1%, што беше очекувано имајќи ја предвид фискалната консолидација. Но верувам дека оваа година ќе имаме позитивен раст од  0,5% до 1% , што ќе ни отвори можност во следните две години да имаме раст од три отсто“, рече Вучиќ при своето излагање во Стопанската комора на Србија.

Тој најави дека планот на владата во Белград е да создаде услови за одржлив развој врз основа на зголемениот извоз и бројните инвестиции, кои би овозможиле зголемување на животниот стандард и намалување на невработеноста.

„Се надевам дека за шест месеци ќе можеме да излеземе пред ММФ со предлози кои ќе значат олеснување и подобар живот за нашите граѓани“, рече Вучиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×