Вучиќ во Москва, на „голем и важен состанок“ со Путин
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ќе отпатува во посета на Русија, каде утре треба да се сретне со рускиот колега Владимир Путин. Вучиќ изјави дека се надева на добри вести за Србија од посетата.

„На 19 декември ќе имам голем и важен состанок со Путин, и се надевам дека ќе има добри вести за Србија“, изјави Вучиќ одговарајќи на новинарски прашања за посетата на Русија.

Се очекува Вучиќ и Путин да разговараат за воената соработка, по неодамнешната испорака од Русија на шест борбени авиони МиГ-29 на Србија. како и за планираната набавка на ракетни системи Бук-2 и Панцир.

Според Танјуг, двајцата претседатели ќе разговараат и за економската соработка и изградбата на гасоводот „Турски поток“.

Инаку, во Русија денеска официјално почна кампањата за претседателските избори што ќе се одржат на 18 март. Путин на изборите ќе настапи како самостоен кандидат. Истражувањата на јавно мислење покажуваат дека тој е фаворит, и може да смета на 75% поддршка од гласачите.

Најголемиот ривал на Путин, Алексеј Навални, не може да се кандидира поради повеќе пресуди што му се изречени, во случаи кои тој ги смета за монтирани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×