Вучиќ води пред Јанковиќ, а „Бели“ е трет на анкетите пред изборите во недела во Србија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Сегашниот српски премиер Александар Вучиќ е водечки кандидат на претседателските избори во Србија, со тоа што ужива поддршка на 54,3% од избирачите, велат анкетите.

Изборите за претседател на Србија ќе се одржат в недела, 2 април, а две седмици подоцна, на 16 април ќе има и втор круг, доколку во првиот ниеден кандидат не освои над 50%  од гласовите.

Според резултатите на агенцијата Ипсос објавени неколку часа пред предизборниот молк, на второ место е Саша Јанковиќ – кандидат на граѓанската иницијатива „Србија без страв”, со 12,8% доверба. На трето место, со 9,5%, следи Лука Максимовиќ, попознат под псевдонимот Љубиша Прелетачевиќ – Бели. На четврто место е Вук Јеремиќ со 6,8% поддршка.

Во Србија се регистрирани околу 6.800.000 граѓани со право на глас. Според испитувањата на јавното мислење, меѓу 56,2 и 60,4% од нив имаат намера да гласаат.

Освен граѓаните на земјата, ќе гласа и српската дијаспора од 32 држави во цел свет.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×