Вучиќ за ФТ: Не сум петта колона на Путин во ЕУ
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, негира дека би можел да биде „петта колона“ на рускиот претседател Владимир Путин во Европската унија, наведува британски Фајненшл Тајмс.

Вучиќ ја отфрла и паралелата со унгарскиот премиер Виктор Орбан кој беше либерал додека земјата одеше кон ЕУ, за подоцна да стане националист и критичар на Унијата.

ФТ наведува дека на српскиот претседател му се додворуваат Кина, Обединетите Арапски Емирати и „повремениот сојузник на Србија, Русија“, но оти лидерите на ЕУ, особено германската канцеларка Ангела Меркел, го сметаат за најдобра шанса Србија да биде воведена во европскиот „мејнстрим“.

„Деветте телевизиски екрани во неговата канцеларија сугерираат дека тој е човек кој следи сѐ и секого. Некои стравуваат дека би можел да стане нов Орбан, а Вучиќ вели дека оваа паралела е 99% ѓубре“, наведува ФТ.

Весникот пишува дека Вучиќ минатата недела беше почесен гостин на воената парада во Москва и оти работниот ден го почнува во 6.30 со часови по руски јазик.

„Вучиќ останува нејасен – почна како ултранационалист, беше министер за информирање на Слободан Милошевиќ, но во 2008 година раскрсти со лидерот на радикалите, Војислав Шешељ, и ја основа проевропската Српска напредна партија“, наведува ФТ.

Весникот пишува дека за членство во ЕУ Вучиќ прво ќе треба да го реши прашањето со Косово.

„Опседнат сум со Косово. Без решавање на тој проблем сѐ што постигнав нема да биде одржливо. Првата криза ќе нѐ убие“, изјавил Вучиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×