Вучиќ: За регионот многу е важно мирно да се реши проблемот со формирањето влада во Македонија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„За стабилност и мир во регионот многу е важно на мирен и на најдобар начин да се реши проблемот со формирањето влада во Македонија“, изјави премиерот и новоизбран претседател на Србија, Александар Вучиќ, по средбата што вчера ја имаше со американскиот сенатор Џон Мекејн.

Вучиќ рече дека од супстанцијално значење за сите на западниот Балкан е проблемот во Македонија да се реши, и оти се надева дека „со почитување на македонските закони проблемот ќе биде решен мирно“.

„За нас е тоа од големо значење. Ако на една страна би ги имале незадоволните Албанци, би можеле да имаме проблем на југот на Србија – да се пренесе проблемот од територијата на Македонија кај нас. Ако би дошло до меѓуетнички конфликти, што никој не го сака, тоа би имало тешки последици за сите нас“, изјави Вучиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×