WIZZ AIR го објави летниот распоред од Скопје за 2019 година со карти по цени од 599 денари, па нагоре
Објавено на од во Компании

wizzairWizz Air, водечката авиокомпанија во Македонија и една од најбрзо растечките авиокомпании во Европа, објави дека нејзиниот летен распоред за 2019 година од аеродромот во Скопје е сега достапен на www.wizzair.com.

Почнувајќи од денес, патниците од Скопје можат да ги резервираат своите карти за нивниот следен летен одмор, службено патување или посета на пријатели почнувајки од 599 денари па нагоре.
Во следните две недели цените за летната сезона ќе бидат исклучиво достапни за членовите на WIZZ DiscountClub, додека од 13 септември 2018 тие ќе станат достапни за сите.
 “Без разлика дали барате да резервирате семеен одмор на плажа, или да одите на градска прошетка за да откриете еден од најпопуларните градови во Европа, сигурно има дестинација во разновидната мрежа на Wizz Air за да ја исполни вашата желба. Ги повикуваме патниците да ја посетат wizzair.com и да ги обезбедат најдобрите понуди за нивното следно патување од Скопје”, вели  Сорина Ратц, шеф на Корпоративни комуникации во Wizz Air.

Авиокомпанијата нуди над 1.2 милиони седишта од Скопје за следната година, истакнувајќи ја својата посветеност за донесување на нови можности за патување во земјата со навистина поволни цени. WIZZ во 2019 година нуди 27 директни дестинации до 13 земји во Европа и пошироко.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×