WIZZ AIR ЈА ДОБИ НАГРАДАТА ЗА АВИОКОМПАНИЈА НА ГОДИНАТА НА “AIRTRANSPORTAWARDS”
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

WizzAir, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, со гордост изјавува дека е прогласена за Авиокомпанија на 2019 Година од страна на „AirTransportAwards“, единствените интернационални награди кои доделуваат награди на сите главни категории во авиоиндустријата. Наградата беше предадена на Stephen Jones, заменик главен извршен директор и управен директор на Wizz Air Унгарија, на церемонијата на „Air Transport Awards2019” одржана во Екали, Грција.

„Air Transport Awards2019” се во партнерство со Hermes – Воздухопловна организација и ATN – Вести за Воздухопловство. Жирито на корпоративните награди беше составено од некои од најистакнатите фигури во воздухопловната индустрија, имено:

  • HenrikHololei, претседател на жири & генерален директор за мобилност и транспорт, Европска Комисија
  • JeffPoole, генерален директор, CANSO
  • RobertDeillon, заменик претседател, Hermes – Воздухопловна организација
  • Charles Schlumberger, Lead Air Transport, Светска банка

Говорејќи на наградната церемонија во Екали, StephenJones, заменик главен извршен директор и управен директор на Wizz Air Унгарија изјави: „Денес се одбележува уште едно важно достигнување за Wizz Air. За нас е големa чест признанието за Авиокомпанија на годината. Оваа награда е резултат на напорната работа и посветеноста на извонредниот тим на Wizz, лојалноста и довербата на нашите клиенти, како и на нашите партнери. Wizz Air го изгради својот бизнис со едноставна цел, а тоа е да го направи воздушниот превоз достапен за сите и да создаде можност за подобрување на животот и светот околу нас, а оваа награда е само уште еден доказ дека сме на вистинскиот пат. Понатаму, Wizz Air ќе продолжи да го подобрува искуството на клиентите, истовремено создавајќи иновации и обезбедувајќи ја можноста секој да го подобри својот живот преку патувањето “.

Др. KostasIatrou, Претседател на „Air Transport Awards 2019”, изјави: “Air Transport Awards2019” прераснаа во важен настан во оваа индустрија благодарение на посветеноста на организациите и идивидуите од авијацискиот сектор. Важно е да се признае и да се даде чест на најдобрите од најдобрите и да се прослави нивното водство.“

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×