Xiaomi, еден од најголемите светски производители на смартфони и еден од најуспешните стартапи, поднел документи за иницијална јавна понуда (IPO) во Хонгконг (Hong Kong Exchanges and Clearing Limited).
Уште не се знае колкава ќе биде вредноста, но се претпоставува најмалку 10 милијарди долари. Оценките се дека ова ќе биде најголемо деби од 2014 година, кое, според некои аналитичари во секторот, може да достигне и 100 милијарди.
Xiaomi лани остварил приход од околу 18 милијарди долари, што е за 67,5% повеќе од 2016 година. Вкупно 70,3% од приходите се од продажба на паметни телефони со исклучително ниска профитна маржа.
Основана во 2010 година во Пекинг, компанијата Xiaomi стана четврти најголем производител на смартфони.