YouTube од 2017 година ќе нуди кабeлски ТВ канали
Објавено на од во Компании

Популарниот сајт за размена на видео содржина YouTube планира да инсталира сервис кој на корисниците ќе им нуди низа кабeлски ТВ канали преку интернет, соопшти денеска Bloomberg.

Овој сервис кој ќе се вика Unplugged би требало да започне со работа веќе наредната година, тврдат извори упатени со ситуацијата.

Раководителите на YouTube за овие свои планови веќе разговарале со водечките медиумски компании како Viacom, NBC Universal и Twenty- First Century Fox, но допрва треба да добија дозвола за било каква содржина.

Инаку YouTube е во сопственост на Google, а минатата година го воведе сервисот Red кој овозможува гледање на видео содржини без да бидат прекинати од реклами преку месечна претплата од 10 долари во САД.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×