За 10 години еден од пет возрасни во светот ќе има проблем со тежината
Објавено на од во lifestyle

Станува ли светот опасно дебел? Најновите истражувања покажуваат дека постигнувањето на таргетот поставен од Обединети нации кој се однесува на намалување на проблемот со тежината до 2025 година е невозможно да се достигне.

Според истото истражување, до 2025 година секој еден од пет возразни лица во светот ќе има проблем со прекумерна тежина што води пак до сериозни здравствени ризици.

Споредбата на индексот на телесна маса (BMI) меѓу возрасните во 186 земји во последните 30 години покажува дека бројот на луѓе кои имаат проблем со прекумерна тежина во светот пораснал од 105 милиони во 1975 на 641 милиони во 2014.

Притоа, покажува истражувањето, жените почесто имаат проблем со прекумерна тежина, односно 375 милиони од вкупните 641 милиони луѓе со проблеми во телесната тежина, се жени.

„Во последните 40 години, го променивме светот во кој имаше двојно повеќе луѓе со помала тежина, а денеска светот е место со повеќе луѓе кои имаат прекумерна тежина отколку помала“, вели авторот на истражувањето, професор Махид Езати.

obesity

Гледано по земји, САД се уште останува земјата со најмногу популација која се справува со прекумерна тежина. Исто така, според истражувањето, земјите каде англискиот јазик е мајчин јазик се најмногу погодени од проблемот со прекумерна тежина. Скоро петтина од светската популација што се справува со ваков проблем живее во овие држави – Австралија, Канада, Ирска, Нов Зеланд, Велика Британија и САД.

Последните статистики за Македонија, пак, кои датираат од 2015 година, покажуваат дека во земјава секој втор возрасен човек се справува со прекумерна тежина. Попрецизно, 60,5% од мажите и 47,8% од жените на возраст над 20 години, имаат зголемена телесна тежина, покажаа податоците од Министерството за здравство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×