За 10 години финансиските активи на македонските граѓани пораснале за 150%
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Евра
Финансиската актива на македонското население на крајот од 2016 година изнесувала 6,5 милијарди евра, или 66% од Бруто домашен производ (БДП), односно од вредноста на производите и услугите кои се произведуваат за една година во Македонија. Толку е вкупната вредност на сите финансиски средства што ги поседуваат македонските граѓани или кога ќе се соберат на купче парите што ги чуваат во банка, акциите, средствата во приватните пензиски фондови, полисите за животно осигурување, готовите пари во оптек, средствата во отворените инвестициски фондови и државните хартии од вредност.

Ако податоците за вредноста на финансиската актива на македонските граѓани се спореди со финансиските средства што ги поседувале во 2007 година се доаѓа до заклучок дека тие се зголемени за 150%.

Имено, податоците на Народната банка на Македонија покажуваат дека вредноста на финансиските средства што ги поседувале македонските граѓани во 2007 година изнесувала 2,2 милијарди евра.

Колку за споредба, финансиската актива на населението во Бугарија во 2016 година изнесуваа 66 милијарди евра, што е 139% од бугарскиот БДП. Ако се спореди, пак, со 2007 година, вредноста на финансиските средства што ги поседувале Бугарите изнесувала 22 милијарди евра и е трикратно зголемена во изминатите десет години.

И покрај растот на финансиската актива, македонските граѓани остануваа едни од најсиромашните во Европската унија, каде финансиската актива на граѓаните изнесува во просек 227% од БДП.

Но, како што растеле финансиските средства, растела и задолженоста на граѓаните.

Така ако вкупната задолженоста на населението во 2007 година изнесувала 15% од БДП, денес таа изнесува 23% од БДП. И според овој показател македонските граѓани се релативно најниско задолжени во споредба со граѓаните од земјите од Европската унија.

Најголем удел во финансиската актива на македонските граѓани отпаѓа на депозитите во банките. Ако депозитите на македонските во граѓаните во 2007 година изнесувале 1,54 милијарди евра, 10 години подоцна тие пораснале на 3,7 милијарди евра, што е раст за 146%.
На второ место според вредноста, верувале или не, се полисите за животно осигурување, коишто на крајот од 2016-та “тежеле“ 1,25 милијарди евра.
Во 2007 година второ најголемо учество во финансиска актива имале акциите. Пред десет година македонските граѓани во акции имале 680 милиони евра, а во 2016 година вредноста на акциите кои ги поседуваат граѓаните е намалена на 518 милиони евра, што е намалување за цели 162 милиони евра за изминатите 10 години.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×