За 2,9% зголемен бројот на туристи во април годинава
Објавено на од во Економија

Во државава во април годинава се регистрирано 85.017 туристи и 155.238 ноќевања, што во однос на април лани претставува пораст од 2,9 %, односно 1,3%, објави денеска Државниот завод за статистика.

ohБројот на домашни туристи во април годинава во однос на април минатата година е зголемен за 6,5 отсто, а на ноќевањата за 3,3 отсто,  а кај странските за 1,5 проценти, а ист е процентот и на регистрирани ноеќавања.

Во периодот јануари – април годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2,4 проценти, кај домашните туристи за 5,4%, а кај странските за  еден процент. Во првите четири месеци споредено со истиот период од минатата година е регистрирано зголемување на ноќевањата за 0,8 проценти, кај домашните за 4,4 проценти, а кај странските за 1,3 проценти.

Најмногу туристи имало од Турција, по која следат туристите од Бугарија, Грција, Германија, Косово, Полска, Кина, Италија,…. Најпосетени дестинаци биле Скопје и езереските места, по што следат планинските, бањските и останатите локации.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×