За 24 часа биткоинот порасна за 15%
Објавено на од во Економија
Вредноста на биткоинот во изминативе 24 часа забележа раст од 15 проценти, што, според аналитичарите, е резултат на зголемениот ентузијазам на инвеститорите.
биткоинБиткоинот синоќа во еден момент достигна вредност од 5.000 американски долари, што претставуваше негово највисоко ниво од ноември минатата година, по што се стабилизира на 4.761 долар.
Толкав раст на биткоинот во текот на еден ден не е забележан повеќе од една година.
Покрај биткоинот, раст на вредноста забележаа и останатите криптовалути. Така, етереумот достигна вредност од 153 долари, што претставува раст од осум отсто за еден ден, а лајткоинот порасна за 13 проценти на 68 долари.
Вкупната пазарна капитализација на виртуелните валути за само еден ден порасна за 19 милијарди долари на речиси 163 милијарди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×