За 40% е намален бројот на илегални мигранти во САД
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Влегувањето на американска територија од страна на „лица кои не ги исполнуваат условите“, односно илегални мигранти, минатиот месец е намалено за 40% во споредба со јануари, објави американската Влада.

„Намалувањето на бројот на приведени лица покажува значајна промена на трендот“, истакна американскиот министер за внатрешна безбедност, Џон Кели, давајќи ѝ ги заслугите за тоа на политиката на претседателот Доналд Трамп.

Кели нагласи дека „по спроведувањето на извршните уредби за поддршка на законот во областа на миграцијата, бројот на приведувањата и влезот на лицата кои не ги исполнуваат условите за легална миграција достигнал месечен минимум во последните пет години“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×