За 79% од компаниите иновациите се најважниот приоритет. Кои меѓу нив се најиновативни?
Објавено на од во Компании
R&D2

Иновациите продолжуваат да заземаат огромна важност во стратегиите на сите светски компании. Во 10-тиот по ред глобален извештај направен од консултантската група The Boston Consulting Group, 79% од анкетираните лица ги рангирале иновациите или како топ најважен приоритет или меѓу првите три топ приоритети за нивната компанија, што е најголем процент од почетокот на спроведување на ова истражување, кога 66% одговориле дека иновациите се меѓу трите нивни топ приоритети.

Во исто време, науката и технологијата исто така стануваат многу важни сегменти во развојот на иновациите, кои им даваат на извршните директори четири атрибути за справување со точките кои тие ги сметаат за критични: фокус на брзината, доброто управување со R&D процесите, употребата на технолошките платформи и систематско истражување на регионалните пазари.

Важноста на овие атрибути и колку тие им носат раст на компаниите,  е забележителна и во овогодишнешната листа. Apple и Google повторно ги држат врвните позиции. Тесла Моторс, кој се искачува на листата со огромна брзина, дојде на третата позиција. Брзите технолошки компании и компаниите кои вложуваат во R&D се меѓу првите 10  најиновативни компании на листата.

Со оглед на силното влијание на развојот на технологиите особено мобилната технологија и социјалните медиуми во последните десет години, би се очекувало технолошките компании да ги остават позади себе нивните потрадиционални колеги. Сепак, од листата се гледа дека многу традиционални компании се уште се високо на листата. Тие, исто така ги употребуваат технолошките придобивки за нивни своевидни иновативни цели. Пет од 10 компании во 2015 не се технолошки компании, што е ист број со истражувањето направено пред десет години. На поголемата листа од 50 најиновативни компании, 38 (што е 76%) се компании кои не се од технолошкиот сектор.

Во листата топ 50, 29 компании се од САД, 11 од Европа и 10 од Азија. Новите пазари исто така полека се појавуваат на листата: има три компании од Кина и една од Индија.

Ова се првите 10 најиновативни компании за 2015 година:
  1. Apple
  2. Google
  3. Tesla Motors
  4. Microsoft Corp
  5. Samsung Group
  6. Toyota
  7. BMW
  8. Gilead Sciences
  9. Amazon
  10. Daimler

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×