За една година од гринфилд инвестиции во земјава се слеале 184,4 милиони долари
Објавено на од во Економија
Во периодот од јуни 2018. до мај 2019. година во нашата земја од гринфилд странски инвестиции се слеани 184,4 милиони долари, според податоците на „fDi Intelligence“, сервис на „Financial Times“.
fdi reportПромените на политичката сцена, панел дискусијата меѓу премиерите на Албанија, Србија и Северна Македонија, како и формирање на заедничка иницијатива за промоција на инвестиции во 2017 година, покажуваат дека регионот настојува да се здружи за да привлече инвестиции и да поттикне економски раст.
Во 2018 година, според порталот во Западен Балкан, е остварен најголем прилив на гринфилд странски директни инвестиции во изминатите години, од 9,36 милијарди долари.
Иако регионот не е дел од ЕУ, сепак се привлечени 147 гринфилд инвестиции во минатата година, што е најмногу во последните шест години.
На гринфилд странските директни инвестиции во Србија отпаѓаат околу шест милијарди долари, а тоа е 70% од уделот. Учеството на Босна и Херцеговина во ова изнесува 11,6%, а пак Црна Гора привлекла 11 гринфилд инвестиции. Во Албанија по овој основ се слеале 809,9 милиони долари, што е 80% повеќе во однос на истиот период од претходната година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×