За Ердоган не е опција оддалеку да ги набљудува настаните на Балканот
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Турција нема таков луксуз оддалеку да ги набљудува настаните на Балканот, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на аеродромот во Истанбул.
The extraordinary summit of the Organisation of Islamic Cooperation (OIC)Пред полетувањето за Босна и Херцеговина, Ердоган порача дека мирот и стабилноста на Балканот се многу значајни за неговата земја.
„Мирот, стабилноста и просперитетот на Балканот се многу важни за нас. Нашата земја нема таков луксуз оддалеку да ги набљудува случувањата на ова подрачје“, рече Ердоган.
Тој денеска ќе пристигне во дводневна посета на БиХ во рамки на која ќе присуствува на самитот за Процесот на соработка во Југозападна Европа (СЕЕЦП), со кој претседава Босна и Херцеговина.
Во текот на денот, Ердоган ќе има средба со членовите на Претседателството на БиХ, а најавен е и состанок со претседавачот на Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ и претседателот на Партијата за демократска акција, Бакир Изетбеговиќ.
По состанокот со Изетбеговиќ, планиран е состанок на Ердоган со словенечкиот претседател Борут Пахор.
Се очекува тој денеска да се сретне и со делегацијата на турската воена мисија која дејствува во состав на ЕУФОР во БиХ.
Турскиот претседател утре во Јахорина ќе учествува на самитот на СЕЕЦП, на кој ќе бидат разгледани чекорите за развој на соработката на Балканот, пред се во економијата, трговијата, транспортот, инфраструктурата и инвестициите.
На маргините на состанокот Ердоган треба да се сретне со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Ердоган: Подготвени сме за состанок БиХ-Хрватска-Србија
Ердоган за време на состанокот со членовите на Претседателството на БиХ изрази подготвеност за заживување на тројниот механизам, односно да се одржи состанок БиХ-Хрватска-Србија, соопшти Претседателството на БиХ.
Како што се наведува во соопштението, во текот на состанокот меѓу Ердоган, претседавачот со Претседателството на БиХ Милорад Додик и членовите на Претседателството, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, најмногу внимание е посветено на автопатот Белград-Сараево, како и значењето кое ќе го има неговата изградба за БиХ и сите земји во регионот, вклучувајќи ја и Турција.
Разговарано е и за унапредување на соработката меѓу БиХ и Турција, особено во областа на економијата, земјоделството, транспортот и инфраструктурата, како и за увозот на месо.
Ердоган истакнал дека Турција го поддржува евроатланскиот пат на БиХ, оценувајќи дека интегрирањето на БиХ во ЕУ и НАТО ќе биде гарант за стабилност и мир.
Членовите на Претседателството на БиХ оцениле дека посетата на турскиот претседател е важна за двете земји кога станува збор за напредокот на соработката на сите полиња и јакнење на билатералните односи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×