За финансирањето на железницата на Коридор 8 ќе разговараат западнобалканските лидери на 6 и 7 декември
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Лидерите и министрите за транспорт на државите од Западен Балкан на 6 и 7 декември, на средба со претставници на Светска банка и со Европската инвестициска банка, ќе разговараат за финансирање на изградбата на железничкото поврзување на Македонија, Бугарија и Албанија на Коридорот 8.

Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, по заедничката седница на владите на двете држави во Струмица, порачаа дека Коридорот 8 ќе биде приоритет за реализација кој ќе понуди многу можности за соработка и забрзување на протокот на стоки и на патници.

„Една од најголемите желби е навистина од Скопје да не се патува четири-пет часа, туку многу брзо, а тоа да биде возможно како алтернатива по убав автопат или по убава железница. Тоа е Коридорот 8 кој е лепеза на можности за граѓаните од целиот регион“, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со Борисов.

Според Борисов, интересот да се финансира проектот е многу голем од сите.

„Со колегите кои ќе дојдат ќе си ги стиснеме рацете – кој има потреба од финансирање да користи средства од банките и да видиме што би дала Европската комисија, а тука се и буџетските средства исто така. На 6 и 7 декември ќе одиме чекор напред“, рече Борисов.

За железничката линија Скопје – Софија на територијата на Бугарија се готови проектите и, како што рече Борисов, знаат колку ќе чини тоа. На македонска територија сѐ уште не се обезбедени пари за третата делница, од Крива Паланка до границата со Бугарија

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×