За храната на иднината, Soylent, инвеститорите издвоија нови 20 милиони долари
Објавено на од во hi-tech & business

Soylent, таканаречената храна на иднината каква што досега гледавме само во научно-фантастичните филмови, предизвикува сѐ поголем интерес во деловниот свет. Деновиве доби нови 20 милиони долари од „венчр“ капитал фирмата Andreessen Horowitz, со учество на Lerer Ventures, на Index Ventures и на индивидуални инвеститори

Сите ние, помалку-повеќе вработени-зафатени луѓе, сме се нашле или подобро кажано – неретко се наоѓаме во временски теснец, кога, иако гладни, на подготвување храна не се осмелуваме ниту да помислиме. Ваквите ситуации ги решаваме во ресторани за брза храна, во пицерии, во пекарници … , колку почесто, толку полошо за здравјето. Токму така живеел и софтверскиот инженер, Роб Ринехарт, кој откако сфатил, односно почувствувал дека се храни нездраво, намислил да креира едноставно јадење, пред сѐ, брзо и едноставно за подготвување, а кое би ги покрило сите главни нутриционистички потреби на човечкото тело.

И ја создал Soylent – храната во прав што се меша со масло (кое оди во пакет со производот), и со вода, и ги содржи сите хранливи состојки што ги бара здравата исхрана. Ринехарт, лесно е да се претпостави, веднаш по промовирањето се соочи со жестоки напади од нутриционистите кои го обвинуваат за недостаток на стручност, а потоа, дури и ако неговата формула е здрава, дека ги занемарува некои од важните аспекти на оброкот, како уживањето во вкусот и социјалната интеракција. Бидејќи за вкусовите не се расправа, основачот на Soylent одлучил на себе да ја тестира здравоста на својот производ. Со месеци се хранел само со Soylent, и, како што самиот изјавува, станал поздрав, поенергичен и поодморен. Истото го потврдиле и медицинските тестирања што ги направил, а Soylent добро помина и на стручните тестови, меѓу кои и спроведениот од Американската агенција за храна и лекови (FDA), која, покрај тоа што утврдила дека производот ги задоволува здравствените услови, посочува оти го намалува и ризикот од болести на срцето и од некои видови канцер.

2soylent

Компанијата што постои две години и покрај тоа што е профитабилна, очигледно има потреба од дополнителни средства за проширување на своите операции. Нарачките од Soylent стигнувале на адресите на купувачите со многу долги задоцнувања, бидејќи приоритет на компанијата е да ги употребуваат парите за подобрување на производниот процес. На овој план има напредок – компанијата додала два нови производители со што за 50 пати ќе го зголеми производството.  Една од целите е и колку што може повеќе да се намали цената – моментално правот потребен за еден оброк се продава за 3 долари

CEO-то и основачот на Soylent, Роб Ринехарт, говорејќи за иднината на неговата храна, вели дека „сонот“ е Soylent „да биде толку корисна што луѓето ќе ја земаат „здраво за готово“, како водата од чешма или грижата за животната околина“.

„Иднината на човечката храна не е враќањето во аграрното општество, туку нејзиното трансцедентирање. Со време Soylent ќе се синтетизира директно од светлината, водата и воздухот, по дизајн на микроорганизмите – генетски инженеринг за подобрување на нашиот микробиом, и евентулано на нас самите. Не знам кој бил првиот фармер, но, јас сакам да бидам последниот. Ние ќе ја направиме храната толку евтина што единствено богатите ќе готват“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×