Четириесет и два отсто од хрватските граѓани би работеле во ИТ, најнепожелен сектор е трговијата, а пожелно е дополнително образование за странски јазици и дигитални вештини, ова се дел од резултатите од истражувањето објавено неделава во хрватските медиуми.
Ова е дел од резултатите од истражувањето спроведено во мај и јуни годинава од агенцијата Ипсос на репрезентативен примерок од 1.000 вработени испитаници на возраст над 18 години, по повод четвртата сезона на проектот Uplift на Mastercard, наменет за микро, мали и средни претприемачи.
По ИТ, Хрватите најмногу се заинтересирани за фармацијата, а потоа за секторот финансии. Дваесет и два отсто од испитаниците би сакале да се вработат во угостителството и туризмот. Така, овој сектор не е меѓу најпосакуваните според анализираните индустрии во ова истражување, но е попопуларен од прехранбената индустрија и трговијата, се истакнува.
Туристичките работници треба да поминат посебна обука, сметаат речиси 80% од Хрватите
Со оглед на тоа што туризмот е најважната стопанска гранка во Хрватска, истражувањето дополнително испитувало што мислат вработените граѓани за овој сектор, а 76 отсто од нив се согласиле дека туристичките работници треба да поминат посебна обука за да можат што поефикасно да ја извршуваат својата работа, а во согласност со потребите на туристите. Од друга страна, само 21 процент од испитаниците сметаат дека секој може да работи во туризмот бидејќи за тоа не е потребно конкретно знаење.
Нешто помалку од половина од испитаниците сметаат дека не може добро да се живее исклучиво од сезонската работа во туризмот, а 43 отсто од нив сметаат дека вработените се премалку платени за сработената работа.
Испитаниците кои се вработени во туризмот и угостителството најголем проблем со кои се соочуваат го гледаат недостатокот на слободни денови, проследени со премногу работни часови, ниски плати и лоши односи со гостите. Тие укажуваат на најмалку проблеми поврзани со физичките услови за работа како и односите со претпоставените. Меѓу сите проблеми, 33 отсто од нив го наведуваат немањето можност за стекнување дополнителни вештини, покажа истражувањето.

Комуникациски вештини и градење добри деловни односи е најбитно
Вработените луѓе во Хрватска релативно позитивно ги оценуваат своите деловни способности, а притоа си даваат највисоки оценки во тимската работа, дигиталните компетенции и комуникациските вештини, додека мнозинството се оценуваат себеси најлоши во маркетинг компетенциите, покажа истражувањето.
Меѓу другото, испитаниците сметаат дека најважно за да се најде и да се изврши квалитетна работа е да се поседуваат компетенции како градење добри деловни односи (90 проценти), комуникациски вештини (90 проценти), организација на работата и управување со времето (89 проценти) и дигитални компетенции (89 проценти). Генерално, мнозинството од испитаниците се согласуваат дека меѓу помалку важните компетенции за добро извршување на работата се презентациските вештини, администрацијата како и знаењето за маркетинг, се истакнува.
Најмногу додатна едукација треба за странски јазици и за управување со стрес
На прашањето во кои сегменти би сакале да се дообразуваат, дури 43 отсто од испитаниците посочиле странски јазици. Потоа следи обука за управување со стрес, дигитални вештини како и презентациски вештини и јавно говорење. На последната страна на потребните едукации со по 12 отсто се оние од областа на градење добри деловни односи и во деловната администрација и во тимската работа со девет отсто.
Истражувањето исто така покажа дека желбата за дополнително образование за презентациски вештини е изразена во значително поголема мера кај жените, за разлика од мажите чиј интерес за наведеното образование е значително помал, како и за едукација за управување со стрес. Лицата до 30 години во поголема мера сакаат дополнително образование за маркетинг, вработените во јавниот сектор во поголема мера сакаат да се едуцираат во областа на управување со конфликти, додека желбата за горенаведеното кај вработените во приватниот сектор е помала , се наведува во истражувањето.



















