За „крвавиот четврток“ обвинетите добија вкупно 211 години затвор
Објавено на од во Економија
Судот во Скопје денеска им изрече казни во времетраење од вкупно 211 години на обвинетите за упадот во Собранието на 27 април 2017 години за загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Највисока казна од 18 години затвор доби поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков. Другите добија од осум до 15 години затвор, додека Игор Дурловски беше прогласен за невин и ослободен од обвиненијата.
ZatvorЗа „крвавиот четврток“ првично беа обвинети 33 лица кои се гонеа за делото терористичко загрозување на уставниот поредок. Од нив, 15 беа амнестирани со закон во Собранието, додека за едно лице се водеше одвоена постапка.
Во пресудата, судијката Добрила Кацарска го критикуваше однесувањето на полицијата за време на насилниот упад во Собранието како срамно и оцени дека упадот бил „смислено сценарио чиј дел биле и високи полициски службеници“. „Сведоци бевме дека дел од разгневената толпа започна со немилосрдно тепање на пратеници, новинари, овластени службени лица и вработени во Собранието. За жал не само овие слики ќе останат врежани во меморијата на секој граѓанин на оваа земја, туку од снимките го видовме и срамното однесување на полициски службеници. Некои од нив, облечени во формациска униформа, кои наместо да преземаат дејствија за спречување на насилниците во кршењето на инвентарот, а пред се во спречување на физичкиот напад на пратеници, новинари и нивните колеги, тие едноставно беа неми набљудувачи на овие настани”, рече судијката Кацарска.
По 15 години затвор добија тогашните полициските началници Митко Пешов, Душко Лазаров и Горан Ѓошевски Леви, Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање, како и припадниците на патриотските здруженија и маскирани напаѓачи Јане Ченто, Влатко Трајковски и Никола Митревски – Кољо. Вилијам Михајловски доби 14 години, а полицискиот началник Оливер Поповски 13 години затвор. По 12 години затвор добија Младен Додевски, Горанчо Ангеловски и Игор Југ. Оливер Радулов од УБК доби 10 години затвор, Александар Василевски – Нинџа – 8 години, а припадникот на собраниското обезбедување Абдулфета Алими, кој стана познат во јавноста како човекот што го спаси Зијадин Села, беше осуден на седум години затвор, затоа што доказите покажале тој му ги предал клучевите од собраниските врати на Горан Ѓошевски Леви, кој беше шеф на обезбедувањето на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.
За ВМРО-ДПМНЕ денешните пресуди се резултат, на како што велат, политички монтиран процес и се производ на неправда. На прес конференцијата во седиштето на партијата генералниот секретар Игор Јанушев рече дека пресудата е нарачана.
Во меѓувреме, Обвинителството за организиран криминал отвори истрага за организаторите на насилствата од 27 април, во која се опфатени поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и Никола Бошковски од УБК, кој е во бегство во Грција. Осомничен е и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×