За лажните вести, лажниот морал и лицемерието!
Објавено на од во Коментари и анализи
Zikov-kolumna-2019Да заклучам дека овој “мал мочан наратив во јавниот дискурс на тема лажни вести” е само подлога и алиби дека нешто демек се движи во медиумските реформи! Апсолутно погрешно … Така да уште еднаш да заклучам дека овој “мал мочан наратив во јавниот дискурс на тема лажни вести” е само подлога и алиби дека нешто демек се движи во медиумските реформи! Апсолутно погрешно … Попрво ќе сведочиме во блиска иднина како некој оштетен во лажните веб линчувања го нашол “креативецот” на веста и тастатурата у гз му ја напикал, отколку оваа важна сфера да се спастри како личи ….
—–
Едно големо лицемерие …
По десет конференции на ден се одржуваат и по милион пати на ден се употребува терминот – лажни вести – (fake news) …
Видете вака сега …
Ниедна влада, држава, политичар, бизнисмен па и новинари (кои не знаат што со себе па отвораат портали демек ќе се бавеле со новинарство и ПР хахах) не можат да имаат морално право да дебатираат и вадат заклучоци за “лажните вести” се додека подржуваат отсуство на регулација (саморегулација) на веб порталите кои во денешно време заедно со социјалните мрежи на најдиректен можен начин дизајнираат јавно мислење … Во најголем број случаи лажно спинувано јавно мислење!
Оттука, веб порталите мора да станат правни лица, кои ќе бидат запишани во Централен регистар, заведени во регистар на веб портали, да имаат директор, главен уредник, редакција и адреса и адреса на фирмата издавач … Се обратно како што е во моментов овде кај нас е лажна дебата за лажните вести, двоен морал, лицемерие …. Ако сакате директно уривање на медиумскиот пазар, нелојален пазарен простор, и удар во просторот во кој делуваат вистинските креатори на јавното мислење (сериозни веб портали, тинк тенкови, телевизии, дневни весници со веб платформи, магазини) … Сето тоа се става во аут, за да се произведат полови на електронска моќ на веб платформи кои го шират просторот на лажни вести кои вршат работа на други полови на моќ кои носат одлуки …
Во претходната Влада на Никола Груевски не сакаа да слушнат ниту за регулација ниту да направат атмосфера Здружението на новинари да донесе одлуки за саморегулација! Еснафското здружение на новинарите никогаш не прифати регулација. Но, ниту саморегулација! Агенцијата за аудиовизуелни тралалала со индигнација одбиваше да разговара за тоа …
Зошто?
Многу просто … на партиите политички во Македонија им одговара “сива зона” во информирањето каде професионалните стандарди се спуштени на ниво на клановска мафијашка пресметка преку порталите, огласувачите на реклами најмалку плаќаат оти цените на рекламниот простор ги уриваат разни шушумиги чија основа цел на вебот што го подигнале им е да отидат на одмор на први крак во Грција, рекетот и изнудата следствено закон не ги фаќа, политичарите си имаат резервни мали бизниси во вид на порталчиња преку кои изнудуваат пари, веќе се знае и за министри во минатото, но и сега кои контролираат веб портали (демек така ќе се бранеле од јавното мислење – ќе си го прашам) исто така и такви новинари постојат! Просекот и потпросекот кои како остануваат без работа во поголемите редакции си отвораат по една “бутка” и буткаат …
Да тоа може така да тера како што гледаме …. Но тоа нема никаква врска со медиуми … Уште и како што се насетува и големи пари се перат преку нив …!?!
Гледам и слушам дека регулацијата или саморегулацијата не е тема ниту кај оваа влада …
Оттука, нема што да дебатираме за феноменот на лажни вести! Лажните вести би биле решени ако може да се санкционираат законски (како во цел нормален свет кои смислиле модели на регулација) … Ако не може, веројатно ќе дојде време кога ке се санкционираат лажните вести незаконски – ВО ПОДРУМ!
Расправата за лажните вести во нашата земја е гола демагогија затоа што овде нема основа да се дискутира за тоа прашање! Попрво треба да се дискутира кога сериозните портали и други медиуми ќе ја преминат “линијата на фронтот” и откако ќе им скурчи на поединци ќе почнат да враќаат со иста брутална мера како што со леснотија објавуваат “лажњаците” …
Така да уште еднаш да заклучам дека овој “мал мочан наратив во јавниот дискурс на тема лажни вести” е само подлога и алиби дека нешто демек се движи во медиумските реформи! Апсолутно погрешно … Попрво ќе сведочиме во блиска иднина како некој оштетен во лажните веб линчувања го нашол “креативецот” на веста и тастатурата у гз му ја напикал, отколку оваа важна сфера да се спастри како личи ….

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×