За наплата од државен тендер се чека во просек по осум месеци
Објавено на од во Економија

Компаниите што учествуваат на тендери чекаат просечно по осум месеци за наплата на побарувањата, што е зголемување на рокот за наплата за два месеци во споредба со 2014 година, покажа најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации.

Истражувањето покажува дека четвртина од фирмите што учествуваат на тендерите чекаат меѓу 3 и 6 месеци за наплата на побарувањата, 21,8% чекаат по 6 до 9 месеци, а 19,8% чекаат од 1 до 3 месеци. 17,5% чекаат од 9 до 12 месеци, 9,3% меѓу 1 и 2 години, а 4,7% изјавиле дека на наплата на побарувањата чекаат и по повеќе од 2 години.

Задоцнетата наплата на побарувањата за реализираните договори за јавни набавки е проблем за 39,4% од испитаните фирми. И пред година и половина кога последен пат е спроведена ваква анкета меѓу приватните компании, со овој проблем се соочувале 39,3% од испитаните фирми.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×