За наплата од тендер се чека по 200 дена
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Фирмите чекаат просечно по 6 месеци и 21 ден за да ги добијат парите за завршената работа од јавни набавки, покажува анкетата помеѓу 210 фирми за нивното искуство со тендерите, спроведена во периодот февруари – март годинава од старана на Центарот за граѓански комуникации.

Споредено со лани, рокот за наплата е зголемен за 20 дена, додека пак пред две години просекот изнесувал 8 месеци..

Освен задоцнетото плаќање, меѓу другите главни проблеми што ги посочиле фирмите во јавните набавки се „најниската цена“ како единствен критериум за доделување договор за јавни набавки и потребната обемна документација за учество на тендерите.

Резултатите покажуваат дека дури 95% од фирмите сметаат дека на е – аукциите се постигнуваат нереално ниски цени и се занемарува квалитетот на набавките во однос на нивната цена а 88% од испитаните фирми сметаат дека има корупција во јавните набавки, но со различна оценка за нивото на нејзината присутност. Најголем дел од фирмите, односно 47%, сметаат дека во јавните набавки има корупција, но ретко; 5% велат секогаш, а 36% често. Само 12% од фирмите се изјасниле дека во јавните набавки никогаш нема корупција.

Доминантен дел од фирмите се изјасниле дека во тендерите на кои учествувале, почесто или поретко сведочеле на непочитување на Законот за јавни набавки.

Дури 96% од испитаните фирми никогаш или ретко се жалат на тендерите во коишто учествуваат, главно поради високиот надоместок за трошоците во жалбената постапка и недовербата кон ДКЖЈН.

Фирмите го оценуваат со 2,85 на скала од 1 (негативно) до 5 (одлично) вкупниот процес на јавните набавки во Македонија. Споредено со минатото истражување, забележано е влошување на искажаното задоволство на фирмите што учествуваат на тендерите за 0,28 поени и оценката е повторно под 3.

Извештајот од следењето на јавните набавки спроведени од институциите на централно ниво за периодот јули – декември 2017 година што денеска го објави Центарот за граѓански комуникации покажува рекордно ниско ниво на јавните набавки во 2017 година. Вредноста на договорите за јавни набавки склучени во 2017 година изнесуваат 624 милиони евра, наспроти 962 милиони евра во 2016 година.

Во извештајот се наведува дека Советот за јавни набавки престана со работа на крајот на ноември 2017 година но не постојат податоци за ефектот од нивното работење во последните пет месеци од работењето а специјално формираната комисија во Министерството за финансии не ги доставила побараните податоци.

Уделот на поништувањето на постапките од 24% на годишно ниво во 2017 година е највисок во периодот од 2013-2017 година.

Уделот на тендери на коишто имало задоволително ниво на конкуренција (3 и повеќе учесници) во 2017 година е евидентиран кај само 48% од мониторираните тендери. Уделот на тендери со само една понуда е на најниско ниво во изминатите 4 години и изнесува 21%.

Во 2017 година се склучени 496 договори за јавна набавка без објавување оглас, во вкупна вредност од 29 милиони евра. Дури 12 милиони, односно 42% од вкупната вредност на овие договори, им припаѓаат само на две институции, Министерството за образование и наука и АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×