За ниту еден осомничен во „Титаник“ нема притвор
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, попладнево ги отфрлил како неосновани жалбите на Специјалното обвинителство, против решението на судијата на претходна постапка со кое се одбива предлогот на Обвинителството за определување мерка притвор за осмничените во случајот „Титаник“, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, Исмет Гури од општинската изборна комисија во Чаир, и уште две лица.

Како што соопшти на својата веб-страница Основниот суд Скопје 1, одлуката била донесена во присуство на странките.

Кривичниот совет, пак, ја прифатил жалбата поради лишување од слобода на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко.

Вчера Советот одби притвор и за поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, и за останатите осомничени во случајот „Титаник“.

Судиите во претходна постапка му изрекоа мерка за претпазливост на Темелко – еднаш неделно да се јавува во судот во Ресен.

Специјалното обвинителство нема право на нови жалби, но, најави дека продолжува со истрагата, и остави можност, ако се обезбедат нови докази, повторно да бара притвор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×