За половина денар се зголемува цената на Еуросупер БС-98 и дизелот
Објавено на од во Економија
Малопродажната цена на дизелот, екстра лесното масло за домаќинство и Еуросупер БС-98 од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар. Цената на Еуросупер БС-95 останува непромента.
benzinska pСпоред одлуката на Регулаторната комисија за енергетика цената на Еуросупер БС-95 останува 67 денари за литар, на  Еуросупер БС-98 ќе изнесува 69,50 денари, на Еуродизелот 60,50 денари, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50 денари.
Се зголемува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 33,237денари за килограм.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,144 отсто или за 0,85 долари за тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 1,846 отсто  или 10,20 долари, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 1,896 отсто или за 10,25 долари и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,322 отсто или за околу 1,25 долари.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 54,68 денари и е за 0,504 отсто повисок.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×