За Претседателските избори!
Објавено на од во Колумни
zikov za kolumna-2Зоран Заев мора да биде свесен дека високиот рејтинг на СДСМ во голема мерка влече енергија и логика од неговиот висок рејтинг (поради сето сработено од 2015 и 2016 па до денес), па и претходно … Рејтинг и углед изработен на терен во последните 13 години како најдобар градоначалник во Македонија, и особено во последните три години во кој со големо количество дрскост и херојство го урна митот на непобедливоста на ВМРО-ДПМНЕ! На многу конкретен начин! Јасно и ласерски прецизно … во услови кога никој не веруваше, а не веруваа и многумина од неговите во партијата, некои од нив денес на високи функции! Да не зборам дека и во делот на оние таканеречени независни интелектуалци кои денес солат памет кај ќе стигнат како требало Заев да работи … Не веруваа дека Заев ќе го нокаутира Груевски … а некои такви и не посакуваа такво сценарио.

Македонската држава, и нејзиното општество и граѓани прилично оштетени и ранети се приближуваат кон клучните датуми можеби и најважни откако воопшто постои идејата за независна Македонија …

Секако дека немам намера да му дадам таква тежина ниту на договорот со Бугарија, ниту на договорот со Грција, иако тие два договори во себе ја содржат компонентата „историски договори„. Не поради самите договори, туку поради македонските перспективи за 100 години напред. Како такви овие договори се историски!
Сакам да кажам дека овие два договори сепак, на крајот на денот, Македонија ги потпиша онака „морално и под лабав притисок на моментот„ со длабоко чувство и свесност за отчукувањето на часовникот за земјата и ние во неа … Момент во кој пред се се најдоа граѓаните, истоштени од долгата транзиција неквалитетно водена од сите современи македонски влади, квалитетно искрадени, и водени од просечни, па и подпросечни лидери … без јасна визија во последните 27 години каде треба да стигне оваа земја.

Уште попрецизно, сакам да кажам дека договорите со Бугарија и Грција се потпишуваа во момент кога македонските граѓани се доведени до зидот … свесноста дека без тие договори нема НАТО и нема ЕУ. Оти да не постоеја овие два најсилни сојузи во светот секако дека и Македонија нема да мораше да ја игра оваа игра.
Оттука, пред крајот на годината 2018, вреди и многу е важно да се каже дека Зоран Заев и тимот што го предводеше, е човекот кој храбро застана на чело на овој клучен процес кој за Македонија. Храбро го истера, со големо количество ентузијазам и посветеност, со промоција на флексибилност дома и надвор, но и со манифестирање на силен интегрирачки и оперативен капацитет. Ок, се разбира дека овој процес беше потпрен и со силна оператива дома, особено во делот на јавните обвинителтава, во контекст на разрешување на некои криминали, наодите низ „бомбите„ и особено настаните од 27 април. Може да се каже дека сето ова се вклопува во заклучокот дека станува збор за добро стратешко менаџирање на момент во кој земјата се наоѓа. Заев секако, се наметнува како македонски лидер кој во 27 години независна држава е човекот кој ги донел најсуштинските одлуки кои ќе ја дефинираат оваа земја, како што напишав погоре, во наредните сто години. Не, не е претенцизоно. Факт е. Затоа Капитал, во рамките на својата јавна моќ, онолкава колква е, го прогласува за човек на годината и на деценијата!

Сценариото во кое се наоѓа Македонија секако дека е филмско, но не она од американската серија House of Cards, и пораките што ги праќа Кевин Спејси. Нема овде луѓе со капацитет за такво сценарио! Попрво сме во сценариото на турската серија Долина на Волците чии главни протагонисти Полад Алендер, Мемати и другите, дури и дојдоа овде, и низ центарот на Скопје, во официјална полициска придружба на МВР, на најдобар можен начин ни демонстрираа во која точка е македонското девастирано и деструктивно општество! Тоа е нашата реалност …

Има и уште нешто врз што го темелиме овој наш став.
Да го преживеете 27 април, да формирате влада во такви околности, да освоите локални избори онака „топ тан„, да потпишете два клучни договори со Бугарија и со Грција, да донесете дома се што е важно од светот на меѓународната политика, да го свртите вниманието на светот фокусиран врз Македонија и регионот, и да станете прозорец на надеж за иднината на целиот Балкан, континуирано да го фрустрирате Вучиќ во Белград со аргумент дека подобро ги разбирате „балканските работи„, и уште да ве номинираат за Нобелова награда за мир, и сето во услови на онаа „традиционална македонска малодушност„ на оној деструктивен губитнички менталитет по долината на Вардар … оние мали византиски дворски игри со нагон „да ви ја скројат капата„ и „да ве спакуваат„ … е тоа, не само што треба да се преживее, туку тоа треба и да се издржи силно! Да се носиш со тоа! И сето тоа за само една година! Да, да Зоран Заев заслужува поголемо внимание!
Ние во Капитал, во врска со Заев, го правиме токму тоа. Да остане некаде запишано! Затоа што сите други се занимаваат со ситни комбинации … Што ќе биде ако биде вака, ако биде онака. Ние велиме застанете за момент! Закочете! Помислете … Друга е големата слика! Ја гледаме ли?

Изборите за претседател на Македонија!

Прашувам … Што може да биде важно околу претседателските избори, и воопшто околу позицијата на вилите на Водно, после двата мандати на Горге Иванов!? Практично ништо!
Тотално руинирана државна функција која не значи баш ништо! Функција, која единствено дава гаранција дека новиот претседател, она што може да очекува е дека по две – три години, а може и порано, ќе стане исто што и Иванов денес, нерелевантна фигура, со половични надлежности, практично без надлежности … Најважната надлежност му е да изеде по некој чинија „тетовски грав„ со војската и тоа … Дури и вонредна состојба да не смее да прогласи (хаха)!?! „Оти ќе го јаде …„
Но …

Како што напишав пред три месеци, а времето не ме демантираше … она што може да се забележи е, откако почна кампањата за референдумот за Преспанскиот договор со Грција, па се до денес, е обидот за внатре партиска битка во СДСМ, менаџирани од центри надвор од партијата (се уште не можам да препознаам центри од надвор) и внатре владина битка за позиционирање и репозиционирање за тоа кој ќе биде претседателски кандидат на СДСМ! Се користи приликата! Некако на еден трошок и ова да се заврши! Повеќе од сигурно е дека таа личност, кандидатот на СДСМ, ќе биде и идниот претседател на Македонија! Особено ако ВМРО ДПМНЕ, вакво какво што е денес, сепак не не изненади со кандидатот, во што длабоко не верувам.
Овие процеси, што деновиве, пред клучното гласање во Парламентот за Преспанскиот договор и нашето зачленување во НАТО, што следува непосредно потоа, во себе кријат и многу замки! Кријат и замки за премиерот Зоран Заев!
Oна што се случува со хипер продукцијата на таканаречени скандали во изминатиот период, и претенциозните инфантилни анализи и скриени кампањи во разните провидни емисии и текстови укажува на еден единствен заклучок: Случаите што ни се наметнуваат како скандали не се произведени од ВМРО-ДПМНЕ, туку од други центри! Според мое убедување, претежно блиски на Илинденска! Веќе има и конкретни докази за тоа … ВМРО-ДПМНЕ не е! Тие не знаат главата кај им е и во моментот и не се способни за таква продукција!? Некои велат, дека и последните апсења беа поврзани со сосема други намери, па дури и бегството на Груевски во Унгарија се поврзува со ослабнување на имунитетот на конкретни личности за претседателската функција … Не мислам дека нема врска и тоа, иако не сум сосема сигурен … Барем не засега.
Во еден мој статус на социјалните мрежи од август анализирав дека скандалите во Владата се произведуваат инспирирани од позиционирањето на трката за кандидат на СДСМ за претседател на државата! Со секој поминат ден тоа се потврдува!

Оттука, кујните за афери се внатре во “широкото владино општество” сфатено и како партии и коалиција, но и како конкретни личности, интересни групи … Повторно византиски игри иманентни за СДСМ.
Она што премиерот Зоран Заев, кој е и претседател на СДСМ, треба да го има во предвид е фактот дека – ако некому не му се наместат коцките да стане кандидат за претседател (што би било сигурна добитна комбинација со оглед на високиот рејтинг на СДСМ и посебно рејтингот на Заев), тогаш таквите сили може да одат во правец на креирање на неподнослива и неодржлива внатрешна конфронтација во Владата!

Заев треба да остане да биде Премиер!

Зоран Заев мора да биде свесен дека високиот рејтинг на СДСМ во голема мерка влече енергија и логика од неговиот висок рејтинг (поради сето сработено од 2015 и 2016 па до денес), па и претходно … Рејтинг и углед изработен на терен во последните 13 години како најдобар градоначалник во Македонија, и особено во последните три години во кој со големо количество дрскост и херојство го урна митот на непобедливоста на ВМРО-ДПМНЕ! На многу конкретен начин! Јасно и ласерски прецизно … во услови кога никој не веруваше, а не веруваа и многумина од неговите во партијата, некои од нив денес на високи функции! Да не зборам дека и во делот на оние таканеречени независни интелектуалци кои денес солат памет кај ќе стигнат како требало Заев да работи … Не веруваа дека Заев ќе го нокаутира Груевски … а некои такви и не посакуваа такво сценарио.
Заклучокот е дека денес, владиниот тим и се што се вика Влада, сфатено директори, заменици, секретарки, пр-менаџерки, шофери во 1.200 – те државни институции, во суштина грицка од тој рејтинг! Ако сакате и конкретни министри и разни други полови на моќ здружени во различни спреги своето позиционирање го црпат единствено од неговиот висок личен рејтинг!
Оттука, според мене обидите во овој период се …. релативизирање на владиниот квалитет! Релативизирање на конкретните економски резултати, резултатите во надворешната политика … И демек вака водената влада не може на подолг рок да ја извади Македонија од криза! Не се согласувам, иако и јас сметам дека Заев мора да пристапи и кон конкретна корекција на сегашниот релативно капацитет на Владата особено во некои клучни сектори.

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×